Се сеќавате ли на Филип Јанев од Неготино? Нов личен рекорд и нова победа!
Се сеќавате ли на Филип Јанев од Неготино, за кого пишувавме пред еден месец по неговото учество на Скопскиот маратон?
Доколку ја пропуштивте неговата претходна приказна, прочитајте го нашиот напис: „Спортската приказна на Филип од Неготино
Повторно имаме убави спортски вести за Филип! Последните десетина дена му донесоа нови предизвици, личен рекорд и уште една победа.
Пред само неколку дена на трката „Во Струмица на улица“, Филип го освои 26. место, постигнувајќи време од 22 минути и 38 секунди на 5 километри . Ова е неговиот најдобар досегашен резултат и нов личен рекорд во трчањето. Со што го подбри својот рекорд за 1 минута и 15 секунди од пред еден месец кога учествуваше на Скопскиот маратон .
Но, новостите не завршуваат тука!
Денес, по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Неготино, на трката организирана од Општина Неготино, Филип повторно застана на стартната линија. Овојпат настапи на спринтерската трка на 800 метри, во категоријата средношколци, каде што го освои ПРВОТО МЕСТО!
Два нови спортски предизвици, два значајни резултати и уште една потврда дека Филип продолжува активно да ги следи своите спортски цели.
Особено радува што неговата приказна продолжува со нови лични достигнувања и победи, а ние ќе продолжиме да ги следиме неговите следни чекори.
Поддршка за младите спортисти
Од физиотерапевти.мк сакаме да испратиме порака дека нашата платформа секогаш им стои на располагање на младите спортисти и на сите оние кои со својата активност, посветеност и успеси промовираат здрави животни навики.
Ќе продолжиме да ги споделуваме нивните приказни, достигнувања и лични успеси, затоа што веруваме дека тие можат да бидат вистинска инспирација и позитивен пример за младите генерации.
Браво, Филип! Продолжи да трчаш кон своите цели!