Напредно
Пребарување
Терапевтски ултразвук – физиотерапија

Терапевтски ултразвук – физиотерапија

Терапевтски ултразвук – физиотерапија

Терапевтскиот ултразвук се состои од апарат кој има генератор на наизменична струја и сонда (апликатор) во која се наоѓа пиезоелектричен кристал кој во контакт со струја овие кристали ја  трансформираат електричната енергија во ултразвучен бран . Во зависност од фрекфенциите кои ќе бидат употребат од ултразвучниот aпарат  разликуваме површинско и длабинско дејство на терапијата. Ултразвучниот бран може да биде константен или променлив (импулсен).

Терапевтските ефекти на ултразвукот се механички и топлотни. Вибрациите на молекулите во ткивата создаваат механички ефект кој може да навлезе длабоко во тикивата  и по  неколку минути да предизвика локално зголемување на темпретатурата (топлотен ефект) со што ултразувкот го добива своето комплетно терапевтско дејство . Поради ова дејство терапевтскиот ултразвук уште се именува и како ултразвучна дијатермија .

Всушност ултразвучните вибрации прават високофрекфентна длабока микромасажа на локалните ткива која предизвикува топлотен ефект кој води до вазодилитација и забрзување на лимфниот проток .

Локалното зголемување на температурата ги има следните физиолошки дејства:

  • Зголемување на пермеабилноста на клеточните мембрани
  • Подобрување на циркулацијата после вазодилитација на ткивата
  • Подобрување на циркулацијата и намалување на активноста на симпатикусот кое води до намалување на мускулниот тонус и намалување на болакта
  • Абсорбцијата на ултразвучната енергија може да доведе до зголемување на еластичноста на ткивата
  • Зголемена способност на ткивата за сопствена регенерација

Физичко-хемиски ефекти : подобрување на оксидациските и репродукциски процеси во ткивата , го стимулира дејството на фамаколошките активни супстанци во ткивата

Биолошки ефекти : зависат од интензитетот,фрекфенцијата и времетраењето на терапијата

Ултразвукот делува на активација на заштитните функции на ретикуло-ендотелниот систем , на подобрување на трофиката во ткивата, на биосинтезата на протеинските комплекси, на хиперемијата, и на подобрување на циркулацијата. Во состојба на вазодилатација и хиперемија се зголемува транспортот на возпалителните и распадни продукти . Со механичкото дејство се одвиваат важни промени во колагенските влакна . Општото дејството на ултразвукот е преку вегетативниот нервен систем . Вибрациското дејство на ултразвукот на симпатичките нерви води кон спазмолитичко дејство ,односно го намалува тонусот на симпатикусот.

Индикации каде може да се применуваа ултразвучната терапија се следните:

  • Хронични болни состојби на мускулите,
  • Мускулни спазми ,
  • Ограничени движења во зглобовите поради скратени мускули и околу зглобните структури.
  • Зглобни контрактури ,адхезивен капсулитис ,
  • Хроничен артритис
  • Екстраартикуларен ревматизам (бурзитис,периартритис,епикондилитис)
  • Возпалителен реваматизам (морбус бехтерев)
  • Дистензија
  • Фиброза ,
  • мускулни хематоми
  • неурономи
  • хронични болести на периферните крвни садови ,(вазоспазам)
  • акутни спортски повреди (мускули,зглобови.тетиви) .

Со примената на повисоки фрекфенции ефектот на  ултразвукот е поплиток и кинетичката енергија на ултразвучните бранови се разнесува во кожата и подкожата па со ова всушност може да се третира оштетена кожа,хронична рана ,лузни и за козметички цели .

СОНОФОРЕЗА

Имајки предвид механичкиот и топлотен ефект на терапевтски ултразвук , оваа терапија истотака е погодна и за локална администрација на медикаменти . На овој начин администрираниот лек постигнува висока концентрација на молекули на локално ниво (местото на третман/болка) и се избегнува штетното влијание врз целиот организам на одреддени аналгетици .Ова е посебно значајно во третманот на хронично болни состојби на локомоторниот апарат . Оваа техника на терапевтски ултразвук се вика сонофореза .

СУБАКВАЛЕН УЛТРАЗВУК

 

Истотака ултразвукот може да се применува и субаквално за третман кој пак  има своја корисна специфика поради лонгитудиналната компонента на ултразвучните бранови односно дејството може да се концетрира на една регија а тоа има позитивен ефект на фиброзните ткива ,омекнувањето на длабоките ткивни лузни и за стимулација на ресорпцијата на калцификатите .

Ултразвучната терапија не смее да се применува при следните состојби :

  • болести на окото,
  • остеопороза
  • не се применува на врат и рамена регија при срцеви заволувања и имплантиран пејсмејкер ,
  • малигни состојби ,
  • Не се применува на тестиси,
  • Не се применува во зона на остеосинтетски материјал
  • И не се применува кај деца
  • Сподели:

Остави го твојот коментар.