Напредно
Пребарување

Да се живее во модерната дигитална ера има огромен број на придобивки. Сите уживаме во погодностите што ги нуди современата технологија, особено нашите мобилни/smart
уреди. Сепак, со сите предности што ги добиваме од современата технологија, доаѓа и ризик од одредени здравствени проблеми.

TEXT NECK синдром е светски здравствен проблем, кој влијае на милиони луѓе од сите возрасти, особено тинејџери. Од 6 милијарди луѓе во светот, над 4 милијарди имаат мобилни телефони. Користењето на овие уреди стана доминантна форма на комуникација. Над една милијарда пораки се испраќаат секој месец низ целиот свет. Се разбира, овој синдром не настанува само поради пишувањето пораки и прекумерна употреба на мобилни телефони. Луѓето поминуваат безброј часови дневно во сурфање на нет, работа, учење, читајќи или забавувајќи се на разни уреди: таблети, iPads, PDA, MP3, уреди за играње игри, е-читачи, медиа плеери, дигитални фотоапарати итн.

TEXT NECK е синдром на прекумерна употреба или повторлива стресна повреда на вратот, предизвикана од држење на главата кон напред и надолу за подолг временски период. Тежината на главата е клучен фактор за болката која се појавува во вратот. Мускулите, тетивите и лигаментите на вратот имаат за цел да ја издржат тежината на главата од 10 до 12 килограми – во неутрална положба, избалансирана во цервикалниот ‘рбет. За пример, кога пишувате или гледате на телефон, вообичаено е да ја свиткате главата напред и надолу под агол од 45 до 60 степени, што додава околу 50 до 60 килограми плус тежина на вратот. Вратот не е во состојба да го издржи овој притисок за подолг период, па како резултат на тоа настануваат одредени последици во вратот. Честата флексија во вратот нанапред предизвикува промени во цервикалниот ‘рбет, опфаќајки ги лигаментите, тетивите и мускулатурата, како и коскените сегменти, што обично предизвикува и промена на постурата.

Главните последици и симптоми се болки во вратот, рамењата, грбот, рацете, прстите, рачните зглобови и лактите, главоболка, кифоза, вкочанетост и трнење на горните екстремитети. Доколку не се третира оваа состојба таа може да ги влоши или забрза дегенеративните состојбив во цервикалниот ‘рбет, како што се спондилоза, дископатија, дискусхернија, остеоартритис и др.

Третманот како и целосната рехабилитација на овој синдром е потполно управуван од вашиот физиотерапевт. Главните цели на третманот се:

– да се намали напнатоста на мускулите во вратот,
– да се намали болката во вратот и
– да се корегира постурата што ги влошува симптомите итн.

Најнапред физиотерапевтот врши проценка на животниот стил, држење на телото и структурите на вратот, историја на евентуални претходни заболувања или повреди на вратот итн. Следува потврда на главните проблеми што предизвикуваат болка во вратот, при што се поставуваат низа третмани за понатамошна работа со пациентот со цел ослободување на болката како главна цел во третманот вклучувајќи:

– физикална терапија
– екстензија
– мобилизација
– вежби за корекција на држење на телото
– вежби за стабилизација на вратот
– вежби за истегнување и зајакнување на вратна
мускулатура
– кинезиотејпинг
– мануелна масажа
– ергономска едукација
– акупунктура
– …

ФАЗА I – Намалување на болката и воспалението

Болката и воспалението се силни инхибитори на нормалното движење на мускулите и зглобовите. Болката е главната причина поради која луѓето бараат третман и треба да биде првиот симптом што се подобрува!

ФАЗА II – Враќање на нормалниот ROM и јачина

Откако ќе се смират болките, физиотерапевтот го насочува вниманието кон обновување на нормалното усогласување на зглобовите и опсегот на движење, вклучувајќи ја и должината на мускулите и напнатоста, мускулната сила и издржливоста. Физиотерапевтот врши проценка и ги предложува најдобрите вежби специфични и индивидуални за вашите потреби. Исто така може да се препорача програм со вежби за истегнување или мануелна масажа. Не користете сами програм со вежби од интернет туку консултирајте се исклучиво со вашиот физиотерапевт за совети и вежби кои се индивидуални и специфични за вашите потреби.

ФАЗА III – Враќање на целосната функција

Во зависност од вашиот животен стил и навики, вашиот физиотерапевт ќе ја прилагоди вашата рехабилитација за да ви овозможи да се вратите на посакуваните активности од секојдневниот живот. Секој има различни барања што ќе утврдат кои специфични цели за третман треба да се постигнат.

ФАЗА IV – Спречување на повторување на синдромот

Вашиот физиотерапевт ќе ви помогне во идентификувањето
на најдобриот начин за обновување и одржување на доброто држење на телото (постура) со тоа што ќе развие свест за правилно држење на телото и вежби за да можете да го следите вашиот напредок на неодредено време.

Други опции

Некои гелови и креми, можат да обезбедат привремено олеснување на мускулната болка со втривање на
гелот/кремот во вратот, рамењата или рацете, грбот итн. Постојат и мобилни апликации кои ви кажуваат за вашата положба на телото со цел создавање свест за правилно држење на телото и негова корекција.

TEXT NECK синдромот може да се спречи т.е превенира како клучен фактор во зачувување на вашето здравје. Еве и неколку предлози: соодветно држење на телото (мобилниот уред поставен во висина на очи), чести и кратки паузи, свест за вашето држење на тело и врат, користење hands-free (слушалки) додека користите смарт уред , но ако веќе страдате од непријатност, напнатост и болка во вратот, можете да користите дел од основните/оптимални вежби за истегнување за да ги редуцирате симптомите. За повеќе информации, консултирајте се со вашиот физиотерапевт.

Клик на линкот за преглед на сликата https://pin.it/byt7m6fi6bx56a

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.