Напредно
Пребарување

Дали знаете што всушност работи физиотерапевтот ?

Многу луѓе сметаат дека физиотерапевтите работат само масажи или “вклучуваат” апарати за електротерапија. Често се смета дека ова е зависна професија и дека физиотерапевтите неможат да извршуваат самостојна дејност.

Физиотерапевт е здравствен работник кој работи на унапредување, развој, одржување и обнова на здравјето и квалитетот на животот кај луѓе од сите возрасти, делувајќи на нив со агенси кои што му се на располагање, за развој, стимулација и замена на ресурсите на човечкиот организам.

Тој е едуциран во областа на физичките, социјалните и медицинските науки и терапевтската примена на физикални агенси како што се : движења, термотерапија, хидротерапија, магнетотерапија, електротерапија, сонотерапија, механотерапија и други.

Физиотерапевтите се самостојна и независна професија, која практично функционира во отворени и рамноправни односи со медицински и други здравствени професии. Физиотерапевтите работат во приватни или јавни болници, центри за рехабилитација, услуги за домашна нега, клиники, училишта, спортски клубови и спортски организации.

Независно или во мултидисциплинарни тимови, физиотерапевтите го проценуваат пациентот, планираат и спроведуваат терапевтски третман и едукативна програма во соработка со пациентите и нивните семејства. Тие се вклучени во програми за скрининг и превенција, програми за здравствено образование и истражување. Тие се ангажирани како едукатори во образованието, здравствените и социјалните институции кои се грижат за спроведувањето на здравствената заштита.

Дали знаете што влегува во описот на работно место на еден дипломиран физиотерапевт ?

Ние ви напишавме листа на основни работни активности на еден физиотерапевт.

Физиотерапевтот спроведува општи терапевтски процедури и техники во сите услови во кои се индицирани некои од формите на физикална терапија, особено кинезитерапија :

·     подобрување на мускулната сила;

·     зголемување на обемот на движења;

·     подобрување и следење на општата кондиција на телото;

·     подобрување на координацијата;

·     подобрување на рамнотежата во сите форми;

·     стимулација, развој и усвојување на постурални модели;

·     корекција на држењето на телото;

·     корекција на лоши шеми, одредени активности;

·     развој на нова автоматизација;

·     употреба, примена, адаптација на протетски и ортотични средства;

·     користење на играта во остварување на целите на кинезитерапијата;

·     употреба на спортот во остварување на целите на кинезитерапијата;

·     учество во обуката на пациентот и семејството;

·     употреба на техники и методи за стимулирање, развивање и конституирање на функциите на локомоторниот апарат во случај на повреди на нервниот систем или во други случаи каде има потреба;

·     применува релаксација;

·     спроведува вежби за дишење;

·     користи неврофизиолошки методи и други овластени методи и процедури за оспособување на пациентот во однос на различни состојби и оштетувања на локомоторниот систем;

·     обука за користење на помагала, ортози и протези;

·     користи и применува апарати за сонотерапија, термотерапија, електротерапија, електродијагностика, електростимулација, механотерапија, ласерска терапија итн.

Врши терапевтска проценка за состојбата на пациентот :

·     ја проценува силата на мускулите

·     го проценува обемот на движењето

·     го мери обемот на екстремитетите

·     ја мери должината на екстремитетите

·     врши други антропометриски мерења

·     го оценува држењето на телото

·     оценува физичка активност од аспект на можности, издржливост, координација

·     ја оценува рамнотежата во сите положби ( квалитет, реакција )

·     врши проценка на состојбата и развојот на моториката на телото

·     користи специјални тестови наменети за специфични патолошки состојби, групи итн.

·     подготвува соодветна тераписка програма, притоа внимавајќи на контраиндикации и дозирање, во согласност со генералниот план за третман на пациентот

·     врши реализација на терапевтската програма со избор на соодветна техника, процедура, го одредува редоследот на активностите во рамките на целодневната програма на пациентот

·     ја контролира состојбата на пациентот во однос на својата програма ( со додавање или корекција на истата )

·     врши патронажна работа

·     учествува во тимот за оспособување на пациентот и за оцена на неговите физички способности

·     води стручна документација за пациентот

·     врши административни задачи во својот домен на работа

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.