Напредно
Пребарување

Што е тоа плазма богата со тромбоцити?

Platelet-rich Plasma Therapy (PRP)

Крвта се состои од четири основни компоненти: плазма, црвени крвни зрнца, бели крвни зрнца и тромбоцити. Плазмата е течна компонента на крвта – околу 90% од неа е вода. Црвените крвни зрнца транспортираат кислород, а белите крвни зрнца му помагаат на телото да реагира на инфекции и повреди. Тромбоцитите се ситни клеточни фрагменти кои циркулираат во крвта и играат централна улога во згрутчувањето на крвта. Тие, исто така, може да се сметаат како едни од првите што реагираат на повреда. Кога ќе пристигнат на местото на повредата, тромбоцитите се активираат и ослободуваат фактори на раст и протеини наречени цитокини кои го промовираат заздравувањето на повредените ткива.

Како се спроведува PRP терапијата

Третманот се спроведува од ортопедски хирург, лекар кој ја вади крвта од пациентот , и со помош на  уред се центрифугира за да се зголеми концентрацијата на тромбоцитите и како таква ја инјектира во повредената регија. Третманот се спроведува со помош на ултразвук за максимална прецизност при администрација на концетрираните тромбоцити.Повеќето здравствени професионалци кои се занимаваат со медицинска рехабилитација не можат да администрираат PRP инјекции, но затоа пак тие можат да лекуваат пациенти кои биле подложени на PRP третман. Рехабилитација на пациенти кои примиле  ПРП терапија бара специфични упатства за вежбање и затоа треба да се следат веќе поставените протоколи за овој процес.

Кој може да има корист од PRP терапијата?

Во минатото, терапијата со плазма богата со тромбоцити била ограничена на козметички проблеми. Тоа е затоа што делува на клеточно ниво за да го зголеми производството на колаген и да ги регенерира оштетените или повредените ткива. Сепак, во последниве години, таа се прошири многу подалеку од светот на козметичките процедури. Потенцијалот на терапијата со PRP сега се смета дека може да се искористи за да ја намали дегенерацијата на зглобовите и да управува со хронични состојби и намалување на болката.

PRP инјекциите веќе се покажаа ефикасни во третаманот на :

  • Остеоартритис
  • Скршеници кои не се споени
  • Болка во лумбалниот и цервикалниот ‘рбет
  • Дегенеративно заболување на пршлените
  • Пириформис синдром
  • Тендиопатија
  • Хронични повреди на лигаментите или тетивите
  • Тениски лакт или голферски лакт
  • Повреди на ротаторната манжетна
  • Повреди на ‘рскавицата, лигаментите и тетивите

 

Понатамошните истражувања покажуваат дека терапијата со PRP може да помогне во процесот на рехабилитација на повеќе дијагнози кои вообичаено се третираат со физиотерапија.

Несакани ефекти од терапијата со плазма богата со тромбоцити

Секоја процедура може да има несакани ефекти, но оние поврзани со инјекциите со PRP се главно мали.

Некои несакани ефекти кои може да произлезат од овој третман :

  • Болка на местото на инјектирање
  • Модринки или друга промена на бојата на кожата во близина на местото на инјектирање
  • Благ оток
  • Инфекција во или околу погодената област (исклучително ретко)
  • Алергиска реакција (исклучително ретко)
  • Повреда на нерв (ако иглата контактира со нерв)
  • Оштетување на артеријата или вените, што може да доведе до згрутчување на крвта

 

Инфекциите и алергиските реакции се исклучително ретки, но можни се во секаков вид на инјектирање. Овие ризици се значително помали, бидејќи инјекциите ја содржат сопствената плазма на лицето. Другите потенцијални несакани ефекти на оваа листа може да ја придружуваат секоја интрамускулна инјекција.

Блаже Арсов , Дипл.Физиотерапевт ,Специјалист за рeхабилитација во хирургија ,трауматолигија и ортопедија ,сопственик на на портaлот www.fizioterapevti.mk  каде што објавува медицински информативни текстови и консултации . Насочен кон грижата на пациентот  и неговиот процес на рехабилитација. За да дознаете повеќе, посетете го неговиот профил на  www.fizioterapevti.mk

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.