Напредно
Пребарување

Физиотерапевтски третман на синузит

 

СИНУЗИТ е инфекција на носните синуси и се јавува кога има собрано голема  количнина на течност. Овие неиздренинрани течности може да се наталожат и да предизвикуваат притисок и болка. Синузитисот многу често се дијагностицира како риносинузитис, бидејќи синузитисот обично се јавува во комбинација со воспаление на носот (ринитис).

Вообичаени причини за синузитис вклучуваат:

  • алергиски ринитис
  • вирусни инфекции на горните дишни патишта кои предизвикуваат отекување на мембраните кои го блокираат нормалниот механизам за дренажа на синусите
  • пушењето
  • пливање
  • нуркање
  • и забни инфекции

 

АКУТНИОТ риносинузитис обично е бактериски, но ХРОНИЧНИОТ риносинузитис се јавува поради постојано воспаление на мукозните мембрани на синусите и мукозната обвивка на носот. Ова може да се манифестира со симптоми повеќе од 8-12 недели или повеќе од 3-4 акутни епизоди годишно, од кои секоја трае по 10 дена. Покрај тоа, намалениот проток на крв придонесува за сериозноста на риносинузитисот.

 

Симптомите на синузитис вклучуваат:

  • главоболка (во предниот дел на главата или околу очите)
  • болка/притисок на лицето околу очите или во челото или образите
  • болка во покривот на устата или забите
  • прекумерна назална дренажа 
  • треска и повремено отекување на лицето околу очите
  • назална блокада
  • обезбоена задна назална мукоза
  • хипосмија (нарушување на мирисот)
  • халитоза (лош здив)
  • замор,
  • кашлање
  • и болка во увото.

Главните симптоми вклучуваат назална опструкција и постназална дренажа.

 

Како да го третирате синузитисот?

  • Додадете влажност на воздухот со помош на овлажнител.
  • Пијте топли течности и пијте многу течности
  • Нанесете влажна топлина со топла крпа на вашето лице.
  • Не користете назален спреј/деконгестив повеќе од 3 дена.
  • Избегнувајте алкохол
  • Одморете.Легнете на страна што ви овозможува најдобро да дишете.
  • Користете физиолошки раствор за испирање на синусите (Вашиот физиотерапевт ќе ви помогне со постапката).

 

Физиотерапијата може да помогне во дренажата на синусите преку различни техники на третман, вклучувајќи:

 

  • Небулизација
  • Лаважа (измивање) на носната слузница
  • Ултразвучна терапија
  • Мануелна масажа
  • Дренажа
  • Dry nedlling
  • Совети за тоа како да ја намалите изложеноста на фактори на животната средина, на пр. полен .

 

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.