ШТО ПРЕТСТАВУВА ИШИЈАСОТ?
Ишијасот се карактеризира со болка во долниот дел на грбот, која преку колкот се спушта во задниот дел на ногата, а во одредени случаи ги зафаќа стапалото и прстите. Најчесто се јавува само на едната страна. Интензитетот на болката варира. Најголем дел од луѓето закрепнуваат без специфична терапија
Ишијасот, познат уште и како лумбоишијалгија, претставува невралгија која примарно се карактеризира со болка во пределот на телото кој е инервиран од n. ischiadicus.
N.ischiadicus е најголемиот нерв во човечкото тело, кој започнува од долниот предел на грбот и испраќа нервни гранки сè до потколеницата и стапалото.
ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА ИШИЈАС
Постојат повеќе причини за појава на овој тип невралгија. Најчесто станува збор за:
Piriformis синдром. Мускулот пириформис се наоѓа длабоко во глутеалната регија (задникот) и е поставен веднаш над n.ischiadicus. Доколку настане спазам на овој мускул, тоа може да направи притисок врз нервот, поради што би се појавиле симптомите на ишијас. Најчести причини за спазам на овој мускул се долги периоди на седечка положба во текот на денот и намалена физичка активност. Но, може да се јави и при извршување на одредени физички активности како трчање или возење велосипед, доколку пред извршување на активноста не се практикуваат вежби за истегнување и зајакнување на мускулатурата.
Херниран интервертебрален дискус во лумбален дел. Внатрешниот централен дел на дискусот може да хернира и да врши притисок врз нервот поради што се јавува болка.
Дегенеративно заболување на интервертебралниот дискус во лумбален дел. Дегенерацијата на дискусите е нормален процес при стареењето, но кај одредени луѓе овој процес во лумбалниот дел, може да направи иритација на n. ischiadicus и да се јави болка.
Инфекции, повреда или тумор.
Бременост. Промените низ кои поминува телото при бременост како зголемување на телесната тежина, притисок од плодот и хормонални промени, може да доведат до појава на ишијас.
Спондилолистеза. Поради мала стрес фрактура настанува дислокација на прешленското тело кон напред, со што се врши компресија на нервот.
Присуството на одредени фактори на ризик може да ја зголеми веројатноста за развој на ишијас.
Пушење, проблеми со менталното здравје, како што е депресијата, дебелината и вишокот килограми, недостаток на витамин Б 12, неактивен животен стил,oдредени видови занимања (како што се возачи на камиони, столари или ракувачи на машини)
Oвие фактори во комбинација со возраста на поединецот и општото здравје може да играат улога во предизвикувањето развој на ишијас.
Третман
Конзервативниот третман има за цел да ја намали болката. Во акутна фаза најважно е да се одморите, а некои лесни движење од типот на стоење и кратки прошетки би можеле да помогнат, сè до оној момент додека не почувствувате болка. Ставање облоги во пределот на `рбетот може да ја ублажи болката. Важен дел во третманот е и физикалната терапија. Кај голем дел од случаите, ваквиот пристап ја подобрува состојбата за неколку недели.
Доколку конзервативниот третман не дава резултати, друга опција за третман е операција.
Референци:
https://www.spine-health.com/conditions/sciatica/sciatica-causes