Напредно
Пребарување

Совети за постнатална физиотерапија

 

Откако ќе се породите, ви препорачуваме да следите неколку едноставни чекори кои ќе го подобри вашето постнатално закрепнување.

  • Одмор – легнете 30 минути, два пати на ден. Ова ќе помагне да се минимизира непријатноста, да се намали отокот и да се отстрани дополнителната тежина од карличното дно и долните стомачни мускули.
  • Мраз – по вагинално раѓање или обид за вагинално раѓање, мразот помага да се намали болката и отокот околу перинеумот. Мразот треба да се стави на вашата влошка во времетраење од 20 минути на секои 2-3 часа и може да се користи се додека не престанат болката и отокот.
  • Компресија – цврста потпорна долна облека ќе помогне за поддршка на перинеумот и долниот дел на стомакот и намалување на болката и непријатноста. Ова исто така ќе помогне да започне процесот на лекување. Компресивната долна облека може да се купи од продавниците за медицинска опрема и помагала и треба да се носи во првите шест недели. Како водич, облеката треба да биде две големини поголема од вашата големина пред бременоста.
  • Вежбање – вежбите за карлица и длабоките стомачни мускули ќе ви помогнат да се вратите во формата пред бременоста и во самото закрепнување. Тие можат безбедно да се стартуваат еден до два дена по раѓањето на вашето бебе, под услов да нема зголемување на вашата болка.

Легнување и станување од кревет

Важно е да ги поддржувате стомачните мускули додека влегувате и станувате од креветот. Најудобно и најдобар начин да го направите ова е да се позиционирате на страна на следниов начин:

  • Свиткајте ги колената и превртете се на страна. Чувајте ги рамената и колковите во линија.
  • Лизгајте ги стапалата преку страничниот дел на креветот и туркајте нагоре користејќи ги двете раце пред твоето тело.
  • Направете го истото обратно за да легнете во кревет.

Вежбање на мускулите на карлично дно

Мускулите на карличното дно се мала, но многу важна група на мускули, особено кај жените. Тие лежат длабоко во карлицата и дејствуваат како поддршка карличните органи и контрола на континенцијата. За време на бременост, овие мускули стануваат ослабени поради дејството на хормоните за бременост и тежината на бебето кое турка надолу. Важно е повторно да ги тренирате овие мускули за време на постнаталниот период за да се спречат понатамошни проблеми, како што е инконтиненцијата.

  • Започнете нежно одење колку што болката/непријатноста ви дозволува.
  • Постепено зголемувајте го растојанието за пешачење и брзината на движење колку што можете.
  • Докажано е дека 30 минути пешачење секој ден го подобрува вашето општо здравје и благосостојба.
  • Избегнувајте други напорни вежби со големо влијание во текот на првите 12 недели (на пр. тегови, стомачни и трчање).

Пред да се обидете со вежби со големо влијание треба да ја проверите јачината на карличното дно со; кашлање или скокање со полн мочен меур. Само доколку нема истекување на урина може да започнете со вежби.

Важноста на здрав мочен меур и навиките на дебелото црево

Важно е да се избегне запек и напрегање кога сте во тоалет.

Запомнете да:

  • Пиете помеѓу 1,5 и 2 литри вода секој ден (може и чај).
  • Избегнувајте да пиете премногу кофеин и алкохол.
  • Јадете многу храна богата со влакна (на пр. овошје, зеленчук).
  • Редовно вежбајте.
  • Не ги игнорирајте нагоните за користење на мочниот меур или дебелото црево.
  • Избегнувајте напрегање – одвојте време кога го празните вашиот мочен меур и дебело црево за да бидете сигурни дека се целосно празни.

Најдобрата положба на тоалетот за да се избегне напрегање:

  • Седнете потпрени напред, со лактите на вашите колена; оставете го вашиот стомак да се опушти.
  • Користете столче за нозете така што колената ви се над колковите.
  • Додека го правите движењето на дебелото црево, длабоко воздивнете. Не задржувајте здив.
  • Подржете ги конците и раната со раката особено при отворање на цревата.

Совети за нега на грбот и правилна техника на кревање

  • Свиткајте ги колената, држете го грбот исправен и секогаш затегнете го дното на карлицата и стомачните мускули како погоре. Држете го предметот цврсто и блиску до вашето тело.
  • Не кревајте ништо потешко од тежината на вашето бебе во првите 6 недели.
  • Избегнувајте ненадејни и повторливи движења со виткање и извртување на страна.
  • Проверете дали работните површини ви се на висина на половината (на пр. капење и менување пелени на бебето).
  • Направете потпорна положба за хранење. Поставете го долниот дел на грбот залепен на столот, проверете дали вашите стапала се спуштени на подот и внимателно подигнете го бебето до вашите гради.

Инконтиненција – истекување на урина (мочање) или измет или вагинален пролапс – чувството на тежина или грутка во вагината по бременоста се вообичаени, но НЕ нормални. Се проценува дека до една третина од жените ќе страдаат од одреден степен на инконтиненција по породувањето.

Постпарталното зајакнување на мускулите на карличното дно е главен предуслов за спречување на инконтиненцијата, бидејќи за време на бременоста се зголемува тежината на матката и заедно со хормоналните промени, даваат голем притисок врз сфинктерите – муслулите на карличното дно, со што се намалува нивната еластичност. Со породувањето може дополнително да се предизвика истегнување или оштетување на нервите или мускулите што на крајот доведува до неконтролитано истекување на урината или испуштање на гасови или фекалии после породувањето.

Едноставен начин да се спречи оваа состојба на инконтиненција е навремено започнување со физиотерапија. Комбиниран третман со кегел вежби и функционална магнетна стимулација (ФМС) им овозможува на мускулите на карличното дно побрзо да го вратат својот тонус, сила и издржливост по породувањето.

ФМС технологијата ги користи индуктивните својства на магнетното поле за длабока пенетрација во ткивата и на тој начин ги стимулира мускулите кои неможат да се таргетираат со помош на класичната електростимулација. Третманот со ФМС ја зголемува силата и издржливоста на мускулите на карличното дно. Дополнително на овој третман пациентот се учи како правилно да изведува и вежби за зајакнување на оваа мускулатура.

Ова обезбедува ефикасно и долгорочно ослободување од неконтролираното истекување на урината и зајакнување на мускулите во долниот дел на карличното дно. Со помош на 4 ФМС апликатори успешно се третираат повеќе мускулни групи во истиот третман освен мускулите на карличното дно, се стимулираат и абдоминалната и грбната мускулатура.

Може да се користи за сите видови на уринарна и фекална инконтиненција, за побрза рехабилитација по операција или породување, па дури и при сексуални дисфункции или хронични болки во карлицата или долниот дел од ‘рбетот.

Уринарната инконтинеција неможе да се скрие и игнорира, затоа е потребно да се побара помош и навремено да се информирате за можностите за третман.

Дијагнозата се поставува од уролог или гинеколог со цел да се одлучи кој тип на третман е неопходен за решавање на проблемот. Најчесто се препорачува конзервативен/нехируршки третман, односно физиотерапија.

Третманот со ФМС уредот е едноставен и не бара посебна подготовка на пациентот. За време на терапијата пациентот останува облечен и е удобно сместен во специјален стол за инконтиненција. За време на стимулацијата, пациентот се фокусира на мускулните контракции со што се олеснува и тренингот на самата мускулатура. Третманот е неинвазивен, безболен и без несакани ефекти, трае 20-30 минути и се применува секој втор ден во периодот од 2-3 недели. Подобрувањето може да се почувствува уште по првите неколку третмани, а се препорачуваат по протокол на производителот да се спроведат 16 третмани.

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.