Напредно
Пребарување

Гонартроза – конзервативно лекување

Поимот остеоартритис ( гонартроза ) на  коленскиот зглоб подразбира примарни или секундарни  дегенеративни промени на зглобната рскавица која потоа предизвикува промени и на останатите делови на зглобот, а се манифестира со болка и оштетена функцвијата на зглобот.

Во зависноста од причината, разликуваме примарна и секундарна артроза.

Примарен остеоартритис на колено

Примарното дегенеративно заболување настанува без познат причинител и се смета како нормален процес на стареењето на зглобот . Стареењето  на зглобните структури во прв ред на рскавицата , само делумно е причина за појава на остеоартритис бидејки во процесот се вклучува и функцијата на самиот зглоб . Би можело да се каже дека се работи за пореметување на односот на регенерацијата  во биолошка смисла со истрошеноста на материјалот во механичка смисла .

Секундарен остеоартритис на колено

Секундарен ОА е предизвикан од примарни морфолошки , односно функционални промени во зглобот од познат причинител и обично промените се моноартикуларни или биартикуларни

Причини за развој на  секундарен остеоартритис на коленото  се :

  • Ревматско заболување на коленото /Rheumathoid arthritis/
  • Состојби по оперативно или конзервативно лекувани повреди на     рскавично коскените структури на коленото,менискусите или лигамнетите .
  • Серонегативни артропатии (гихт), хондрокалциноза, вилонодуларен синовитис
  • Остеонекроза
  • Вродени деформитети , генетски фактори / x – или о- нозе
  • Ендокринопатии
  • Секвели по специфични или неспецифични воспаленија на коленото и др.

Патоморфолошки карактеристики на ОА

Напредувајки процесот доведува до соголување на рскавицата на поедини места и субхондралната коска реагира со склероза на истата Овие зони воедно претставуваат и места со најголемо оптоварување на зглобот .

Појава на коскени псеудоцисти поради продирање на синовијалната течност во субходралната коска

Местата со намалено оптоварување реагираат со појава на остеофити ( шилци ) кои во процесот се трудат да ја прошират зглобната површина и да доведат до намалување на притисокот и оптоварувањето во зглобот.

Појава на дегенеративни промени на меките ткива на коленото најизразено на зглобната капсула која се задебелува , фиброзира , метаплазира и со синовијата создава слободни зглобни остеохондрални тела .

Клиничка слика

Типична симптоматологија :

  • Вкочанетост на коленото
  • Болка при одредени активности (качување и симнување по скали)
  • Хипотонија на четириглавиот мускул со лесно намалена способност за потполно исправање на коленото
  • Умор и болка  веќе по  кратко стоење или одење
  • Крепитации при свивање и исправање во зглобот
  • Болна остеливост при допир над чашката и зглобната пукнатина
  • Повремен оток со излив во коленото  и локална зголемена температура
  • Накривување при одење
  • Нестабилност на коленото
  • Варус или валгус деформитет на коленото

 

Дијагноза

Остеоартритисот на коленотото  се препознава уште на првиот ортопедски амбулантски преглед при што покрај стандардниот ортопедски преглед , се прави радиографско / РТГ / иследувања во фронтална насока  , профил под агол од 40 степени и аксијална снимка на чашката под 30 степени, основни биохемиски и лабараториски  иследувања.

РТГ сликата  се карактеризира со стеснување на зглобниот простор, постоење на шилци / остеофити / , присуство  на цисти  ,нарушување на механичката оска на зглобот од внатрешна или надворешна страна / варус или валгус деформитет /.

Лекување на ОА на колено

КОНЗЕРВАТИВЕН ТРЕТМАН

Намалување на телесната тежина,нутритивен третман,користење на ортопедски помагала (бастун ), употреба на ортотски имобилизациски помагала, употреба на аналгетици, /NSAIL,аспирин,штедлива употреба на интраартикуларни инекции со кортикостероиди за обезболување и намалување на отокот и лачењето на зглобната течност,физикална  терапија и бањско лекување .

Физикална терапија

  • Хидротерапија овозможува движења во зглобот со намалено оптоварување
  • Терапија со мраз (криотерапија) се применува за намалување на едем и болки
  • Кинезитерапија – терапевтски вежби за растеретување на зглобот, подобрување на елстичноста на меките ткива, зголемување на обем на движења и зајакнување на мускулите стабилизатори на зглоб.Терапевтски вежби се насочени кон две цели:Подобрување на состојба на мускулатура која контролира колено.Контролиран и индивидуално дозиран кинезитерапевтски третман е насочен на зголемување на мускулно зглобна функција на цело тело. Со нив се корегираат обрасци на движење и постура.
  • Кинезиотејпинг за намалување на болка и едем истабилизација на зглобот
  • Електротерапија – аналгетска  (ТЕНС), ултразвучна терапија, магнетотерапија, функционалчна магнетна стимулација

Најдобрите резултати се добиваат кога во тек на рехабилитацијата се постигне корекција на телесна маса, зголемување на мускулна сила на мускулатурата која ја контролира функцијата на коленото и искористат сите останати функционални потенцијали за  факторите на растење можат да ја обноват р’скавицата и внатрешните структури на коленото.

Оперативно лекување

Хируршките интервенции се индицирани кога пациентот има постојана болка која не се смирува ниту во мирување, ниту при употреба на аналгетици или кортизонски инекции.

Видови на хируршки инервенции кои се употребуваат во лекувањето на ОА  на колено:

  • Артроскопска минимално инвазивна тоалета на зглобот која се препорачува кај помлади пациенти и се состои во делумно отстранување на синовијата , отстранување на шилците и мазнење на оштетената рскавица. Истата може да се повтори ако првично обезбеди подолг период на  обезболување
  • Артродеза на колено која дава обезболување и стабилност на коленото но без мобилност на зглобот
  • Јукстаартикуларна  корективна остеотомија на голеницата ( tibia )  кај пациенти помлади од 60 г која дава обезболувањe и стабилизација на коленото и ја зголемува подвижноста на зглобот
  • Делумна протетска замена на коленото со уникондиларна протеза
  • Тотална протетска замена на коленото кај пациенти постари од 60 г возраст со целосна протеза која дава обезболување ,  целосна стабилност и подвижност на коленото

1 Коментар

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.