Напредно
Пребарување

Што е лумбална болка- болка во половината?

Болката во половината претставува болка која што го зафаќа лумбалниот дел на ‘рбетот.  Таа може да е резултат на различни повреди и состојби. Најчесто, причината е мускулна или да доаѓа од тетивите на грбот.

Речиси секој човек денес доживува лумбална болка во одреден момент од својот живот. Боклата може да варира од блага форма до силна болка. Кај повеќето случаи таа е привремена.

Долготрајната (хронична) болка е исто така доста честа, некаде околу 23% од возрасната  опулацијата ширум светот имаат хронична болка.  Во екстремни случаи, болките во долниот дел на грбот може да го отежнат или оневозможат одењето, спиењето  и секојдневното функционирање.

 

Кои се симптомите?

Болките во половината (долниот дел на грбот) може да вклучат широк спектар на симптоми. Болката во половината може:

  • Да се појави одеднаш или постепени;
  • Да се појави по одредена физичка активност (на пр. кога сте наведнати да подигнете товар);
  • Да исчезне сама по себе;
  • Да се шири по должината на целата нога (ишијас);
  • Да дава чувство на напнатост во мускулатурата во таа регија;

Допонителни симптоми:

  • Вкочанетост: чувство на отежнат движење и тешкотија при исправување на грбот. Отежнато станување од седечка или лежечка позиција;
  • Проблеми при држење на телото исправено, барање на соодветна “безболна” позиција;
  • Мускулен спазам, појава на мускулни грчеви.

 

Што ја предизвикува?

Многу различни состојби и повреди може да предизвикаат болки во половината. Овој вид на болка е многу чест затоа  што лумбалните пршлени даваат голема поддршка на телото. Исто така обезбедуваат стабилност на ‘рбетот, служат како точка на прицврстување на многу мускули и лигаменти кои овозможуваат одење, трчање, седење, подигање товар и движење на телото во сите правци.

Причини за појава може да бидат:

  • Истегнувања и исчашувања;
  • Фрактури на ‘рбетот;
  • Проблеми со дискусот;
  • Спинални стенози;
  • Лумбална сколиоза;
  • Хернијација на дискусот;
  • Спондилолистеза;
  • Артрити;
  • Останати заболувања: тумори,инфекции;
  • Фибромијалгии и сл.

Исто така како причина за болка во половината може да се напомене и менструални тегоби, бременост, како и породување со спинална анестезија.

 

Ризик фактори?

  • Возраст: лицата над 30 годишна возраст имаат поголема веројатност да доживеат болки во половината;
  • Зголемена телесна тежина;
  • Слаба абдоминална мускулатура и мукултура на грбот;
  • Професионална определба: тешка физичка работа, подигање тежок товар, спортисти.

При појава на било какви симптоми поврзани со оваа состојба, најважно е да се направи соодветна дијагностика.

Третман

После правилна и навремена дијагноза се преминува кон соодветен третман.

Физиотерапијата е важен дел во третманот на оваа состојба. Од физиотерапевтски модалитети се препорачува:

  • Мануелен третман (мобилизација на зглобовите);
  • Мануелна масажа;
  • Кинезиотејпинг;
  • Електротераписки модалитети (тенс, терапевтски ултразвук и сл);
  • Индивидуални вежби.

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.