Напредно
Пребарување
АКУТЕН БЕЛОДРОБЕН ЕДЕМ (АБЕ)

 

Етиологија

  • Акутна систолна дисфункција на левата комора како резултат на инфаркт, исхемија или акутна митрална регургитација
  • Токсините, пневмониите, аспирациите и панкреатитот можат да ја зголемат пропустливоста на алвеоларните мембрани, што резултира со акутен респираторен дистрес синдром (АРДС).
  • Аритмии со брза фреквенција на комори, како, на пример: преткоморна фибрилација, преткоморна или коморна тахикардија

Симптоми

  • Тешка диспнеа, кашлица, тахипнеа, анксиозност, страв и конфузија
  • Бронхоспазам (“кардијална астма”)
  • Синусна тахикардија, преткоморна фибрилација, други брзи срцеви ритми.

Физикален преглед

  • Цијаноза, бледа и препотена кожа
  • Кркори на аускултација карактеристични за белодробен едем
  • Артерискиот pO2 е под 8 kPa и/или кислородната сатурација е под 90%.

Дијагноза

  • Рендгенограмот на градниот кош, карактеристично, покажува повеќе знаци на декомпензирана хронична срцева слабост или, во случај на новонастаната акутна срцева слабост, покажува само слика на “крила на пеперутка” во хиларниот дел.
  • Електрокардиограмот може да има знаци за левокоморна хипертрофија, исхемија, инфаркт, брзи срцеви ритми.
  • Ехокардиографија покажува хипоконтрактилност на одредени регии на левата комора, како и функција на валвулите

Диференцијална дијагноза

  • Диференцијална дијагноза вклучува: пневмонија, аспирација, емболизација, астма и ХОББ со или без хронична срцева слабост

Лекување на акутен белодробен едем

  1. Позиција – ако пациент не е во шок, најдобра е полуседечка позиција
  2. Седација
  3. Дишење
    • кислород со маска за вентилација 8 l/min
    • кооперативен пациент се решава со CPAP.
    • Бронхоспазам се смирува со бавна инфузија на 200 mg теофилин, дадена за 5 минути
  4. Нитратна инфузија
  5. Диуретици
  6. Дигиталис или бета-блокатори за оптимизирање на срцевата фреквенција
  7. Допаминска инфузија

Натамошен третман

  • по првата помош,пациентот продолжува да се лекува во единица за интензивна кардиолошка нега.
  • Целта на лекувањето е да се лекува причина за срцевата слабост

Третман на белодробен едем со континуиран позитивен притисок

Основни правила

  • Елевација на притисок во дишните патишта е ефективен третман при белодробен едем што во повеќето случаи е соодветна замена за интубација и третман со респиратор. Притисок од 10 cm H2O и 40% кислород е доволен за корекција на хипоксемијата, кај две третини од пациенти со белодробен едем, по десет минути од почеток на третманот.
  • CPAP третманот е најважен и најургентен третман на белодробниот едем и мора да се започне веднаш во службата за итна медицинска помош, пред инфузијата на лекови
  • CPAP апаратура треба да биде достапна во сите центри за ургентна медицинска помош на кардиолошки пациенти, како и во возилата на брза помош.

Индикации за третманот

  • Респираторна слабост од срцево потекло (белодробен едем) кога фармакотерапија и кислородната терапија не се доволни.
  • Диспнеа во мир предизвикана од срцева слабост, кога респираторната фреквенција е покачена, а на аускултација се слушаат белодробни кркори, заради стаза и на рендгенографијата на градниот кош јасно се гледа белодробна конгестија (интерстицијален едем). Немирот на пациентот често е знак за хипооксија и бара третман.

Контраиндикации за третманот

  • Третманот е контраиндициран ако пациентот на може да го задржи ервејот, заради нарушена состојба на свесноста, или ако ефикасноста или фреквенцијата на дишењето се влошени. Мануелна вентилација и интубација се индицирани ако вкупната општа состојба на пациентот го бара тоа.

Имплементација

  1. Помогни му на пациентот да завземе полуседечка положба
  2. Отвори го мерачот на проток на воздух и конектирај го апаратот со маската
  3. Постави ја маската преку лицето на пациентот и фиксирај ја
  4. Провери дали маската е добро поставена
  5. Иницијалниот притисок е 7.5 (-10) cm H2O. Ако состојбата на пациентот не се подобрува за неколку минути, зголеми го притисокот на 15 cm H2O (потребнае претпазливост ако е пациент јасно хиповолемичен). Ако зголемување на притисокот на помага, се зголемува концентрација на кислород
  6. За време на третманот мониторирај
  7. Респираторна фреквенција треба да се намалува
  8. Употреба на помошни респираторни мускули
  9. Субјективна состојба на пациентот
  10. Кислородната сатурација треба да се зголемува
  11. Треба да се избегнува дури и краткотрајно отстранување на маската, затоа што тоа веднаш ја зголемува респираторната активност и повторно се појавува хипооксија.
  12. CPAP третманот се прекинува кога состојбата на пациентот се подобрува и респираторната фреквенција е под 25/минута. Позитивен притисок се намалува постепено, а администрација на кислород се продолжува.

Референци

  1. EBM Guidelines, 2004,www.ebm-guidelines.com
  2. ESC Guidelines Executive summary of the guidelines on the diagnosis and treatment of acute heart failure, 2005,www.escardio.org.
  3. ICSI Health Care guideline: Inpatient Management of Heart Failure, 2004,www.isci.org.

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.