Напредно
Пребарување

Уринарната инктонтиненција претставува неспособност за контролирање на мочниот меур односно неспособност за задржување на урината.  Доста често уринарната инконтиненција е основа на некое друго заболување. Степенот на уринарната инконтиненција можбе да биде од повремено испуштање на урина при кивање и кашлање до неодложно мокрење при потреба за користење на тоалет.

Оваа состојба се појавува поради слабост на сфинктерите односно кружните мускули кои имаат за функција да ја испуштаат урината свесно односно контролирано.

Постојат повеќе видови на уринарна инкотнтиненција и тоа: стрес инктонтиненција, итна инконтиненција, мешана, како и функционална инктонтиненција.

Најчесто и најпрепорачливо е третманот да биде нехируршки. Се препорачуваат Кегелови вежби, како и биофидбек третман.

Со напредокот на техонологијата во третманот на оваа состојба се воведе една нова ефективна метода – третман на уринарната инконтиненција со помош на Функционална магнетна стимулација.

Може да се користи кај жени и мажи, за сите видови на уринарна и фекална инконтиненција, за побрза рехабилитација по операција или породување, па дури и при сексуални дисфункции или хронични болки во карлицата или долниот дел од ‘рбетот.

Уредот Магнето Стим е развиен за третман на карличното дно и уринарната инконтиненција со користење на специјална FMS технологија – Функционална магнетна стимулација. Импулсното магнетно поле генерирано од уредот предизвикува мускулите на карличното дно да се контрахираат без да има потреба од било каква електрода.

Функционалната магнетна стимулација е алтернатива на веќе постоечките методи на електростимулација бидејќи има многу предности за рехабилитација. Магнетните полиња не предизвикуваат болка, овозможуваат длабока пенетрација во ткивата без контакт со кожата. Функционалната магнетна стимулација не ги стимулира нервите на површионата на кожата и затоа е попријатна од класичната електростимулација.

Магнетните полиња лесно продираат низ облеката, ткивото и коската и достигнуваат до недостапните ткива. ФМС ги користи индуктивните својства на магнетното поле за стимулација длабокот во ткивата и на тој начин ги стимулира мускулите кои не можат да се стимулираат со помош на класичната електростимулација.

Третманот со ФМС ја зголемува силата и издржливоста на мускулите на карличното дно. Дополнително на овој третман пациентот се учи како правилно да ги изведува вежбите кои служат за зајакнување на оваа мускулатура. Ова обезбедува ефикасно и долгорочно ослободување од неконтролираното истекување на урината и зајакнување на мускулите во долниот дел на карличното дно.

Со помош на 2 апликатори може да се третираат проблемите со инконтинеција и проблемите со мускулите на карличното дно.

Успешно помага при:

  • Стрес инконтиненција
  • Мешана уринарна инконтиненција
  • Фекална инконтиненција
  • Постпартална рехабилитација
  • Рехабилитација на мускулите во долниот дел на карлицата после оперативни зафати
  • Хроничен простатитис
  • Еректилна дисфункција
  • Проблеми поради лоша циркулација.

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТЕРАПИЈАТА:

Третманот е едноставен и не бара посебна подготовка на пациентот. За време на терапијата пациентот останува облечен и е удобно сместен на специјалниот стол за инконтиненција. За време на стимулацијата, пациентот се фокусира на мускулните контракции со што се олеснува и тренингот на самата мускулатура. Третманот е неинвазивен, безболен и без несакани ефекти.

Подобрувањето во симптомите може да се види уште во првите неколку третмани.

Постпартално зајакнување на мускулите на карличното дно – главен услов за спречување на инконтиненцијата

Зголемената тежина на матката и промените во хормоните за време на бременоста даваат голем притисок врз мускулите на карличното дно, намалувајќи ја нивната способност. Породувањето може да дополнително предизвика истегнување или оштетување на нервите или мускулите. Ова на крајот доведува до некотролирано истекување на урината или испуштање на фекалии после породувањето. Единствениот начин да се спречи оваа инконтиненција е со помош на вежби за зајакнување на мускулите на карличното дно.  Таквите вежби треба да се изведуваат за време на бременоста и да продолжат по породувањето. Третманот со функционална магнетна стимулација им овозможува на мускулите на карличното дно побрзо да го вратат својот тонус, силата и издржливоста по породувањето. Инктонтиненцијата може да се излечи во период од 2 – 3 недели.

Помогнете им на мускулите на карличното дно со помош на Магнето STYM уредот, да ја извршуваат својата функција правилно !

 

Помогнете им на мускулите на дното на карлицата со Магнето STYM уредот, така што тие можат да ја исполнат својата функција правилно!

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.