Напредно
Пребарување

 

 

Фрактурите на ребрата настануваат кога доволно значителна сила е директно насочена кон нив при што предизвикува скршеница.

Фрактурите на ребрата често се поврзани и со други повреди. Може да се појават на било која возраст но повозрасните се изложени на поголем ризик поради остеопороза. Фрактурите на ребрата најчесто се третираат со менаџирање на болакта и соодветни вежби за дишење за да се спречи појава на компликации и дополнително оштетување на белите дробови.

Најчестиот симптом при фрактура на ребрата е болка при допир, болка при длабоко земање воздух, кивање или кашлање. Бидејќи овие скршеници се доста болни, пациентите најчесто имаат кратки и плитки вдишувања со кои го минимизираат движењето на градниот кош. Овој начин на дишење може да доведе до колапс на алвеолите во белите дробови, со што се отежнува дишењето и последователно може да доведе и појава на пневмонија.

Можни симптоми:

Болка во ребрата која е особено изразена навечер или рано наутро (особено првите неколку дена по повредата). Болката може да се зголеми кога пациентот лежи на засегнатата страна, при вршење на притисок во пределот на ребрата или при грубо допирање на местото на повредата.

Болката се зголемува при зголемени движења на горниот дел на грбот како што се флексија (свиткување на трупот) или пак вртење на страна. Болката исто така доаѓа до израз при туркање, влечење или кревање товар.

Дијагностика:

Темелен субјективен и објективен преглед е од големо значење за соодветен третман на пациентот. Од големо значење е да се утврди веројатноста од дополнителни повреди на органите како белите дробови, црниот дроб, слезината или бубрезите. Може да се направи РТГ, МРИ или КТ скен за потврдување на дијагнозата.

 

Физиотерапија:

Физиотерапијата има големо значење при третманот на овие повреди.

Третманот опфаќа:

  • Едукација на пациентот;
  • Одмор и избегнување на тешки физички активности;
  • Dry needling;
  • Вежби за подобрување на дрежењето на телото;
  • Кинезиотејпинг;
  • Функционална магнетна стимулација (програм за третман на фрактури);
  • Масажа на меките ткива;
  • терапевтски ултразвук;
  • Вежби со поттикнувачки спирометар (за превенција од ателектази);
  • Правење на соодветен план за вежби во домашни услови – постурални вежби, вежби за длабоко дишење, вежби за ротација на граден кош и сл.

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.