Артроскопија („arthroscopy – no problem surgery“) е ортопедска ,хируршка техника со која можат да се извршат повеќе зафати во зглобниот простор за донесување на дијагноза а воедно и соодветен третман на евентуална повреда.
Артроскопијата се изведува преку минимални резови –отвори преку кој се вметнува артроскопот и специјално дизајнирани инструменти со кој може да се обсервира и третира внатрешниот дел на коленото со помош на камерата прицврстена на истиот. Најголема примена оваа метода има при повредите на колено имајки предвид дека е најголем зглоб во човечкото тело.Овој мини инвазивен хируршки третман значително ги намалува оштетувањата и траумите на околните ткива за разлика од класичниот оперативен третман.
Артроскопијата се применува со цел да се диагностицира а воедно и третираат следните проблеми :
• Руптура на менискуси
• Отцепени р’скавични и коскени фрагменти
• Оштетена зглобна р’скавица
• Воспалени на синовијалната мембрана
• Нестабилност на пателата(чашка)
• Руптура на предни и странични лигаменти
После операцијата е особено важно да се започне веднаш со физиотерапија за да може што побрзо да се вратите на своите секојдневни и спортски активности.
Физиотерапијата може да ви погне со:
• Намалување на болката и отокот
• Враќање на мобилноста на зглобот
• Враќање на мускулната снага
• Развој на проприорецепција и стабилноста во зглобот
Комплетно опоравување од овој третман и враќање на дневните активности се очекува за десетина дена додека за спортски активност после неколку седмици. Болката во постоперативниот период скоро и да нема или е минимална заради тоа што нема ни оперативни резови ,после зафатот остануваат едвај видливи лузни .Затоа е многу лесно веднаш и да се започне со физиотерапија после операција, соодветните вежби во овој период со оптоварување и вежби за враќање на мускулната снага и комплетниот обем на движење лесно можат да бидат прифатени од оперираните пациенти.
Изокинетички тренинг после артроскопија
Преку соодветна и контролирана физиотерапија со посебно конструран изокинетички тренинг за зглобот на кој е изведена артроскопијата ,истиот брзо може да се врати во првобитната функција .
Во периодот од 4-7 постоперативен ден се спроведува следното
• Continiuse passive motion (CPM) пасивно раздвижување на зглобот со определен степен на флексија
• Криотерапија и компресивен завој
• Електротерапија на квадрицепс
• Изометрички вежби
• Вежби за стабилизација и истегнување
Од 7-10 постоперативен ден
• Continiuse passive motion (CPM) пасивно раздвижување на зглобот со определен степен на флексија
• Вежби со отпор и зголемување на мобилноста
од 10-17 постоперативен ден
• Постигнување на максимална флексија
• Вежби со зголемен отпор
• Вежби за координација и јакнење
• Вежби за издржливост
• Тренинг за проприоцепција и рамнотежа