Рана рехабилитација кај ампутаци (постоперациска фаза)
Постоперациска фаза во рехабилитација на ампутации е период непосредно по ампутација до санирање на раната.Управување со болката, превенција на венска тромбоза и редукција на отокот на чкунката се главни цели во акутната фаза.Физикална терапија треба да се воведе толку порано колку што може да се толерира, со цел повторно да се врати оптималниот функционален капацитет и подвижноста. Треба да се изготват соодветни планови за рехабилитација, опрема и адаптација на домот на пациентот.
ТРЕТМАН НЕПОСРЕДНО ПО ОПЕРАТИВНИОТ ЗАФАТ
- Соодветно управување со болката.
- Профилакса на венска тромбоза (медикаментозна терапија и физикална терапија)
- Вежби на длабоко дишење (поттикнувачки спирометар)
Правилна положба во постела: нога со транстибијална ампутација се поставува во положба со екстендирано колено, додека се кај трансфеморална ампутација оддржува во неутрална положба (нозете да се во аддукција!) Битно:елевација на чкунката (потпирање со перница) е дозволено само во првите 48 часа! Дозволена е странична положба или положба на стомак што е можно подолго ( поттикнува екстензија на чкунката) .
Кинезитераписки вежби – треба да започнат колку што е можно порано (1 постоперативен ден) и да се спроведуваат неколку пати на ден.
- Изометрични вежби на големи мускулни групи за јакнење на остаточниот екстремитет и тоа: кај транстибијална ампутација нарочно се јакнат екстензорите на коленото: кај трансфеморална ампутација посебно вниманије се дава на екстензори и аддуктори на колк.
- При лежење во положба на страна или на стомак чкунката бавно се истега и се екстендира кон назад.
- Во стоечка позиција, чкунката се истега кон назад колку што е можно повеќе
- Вежби за екстензија на колено се изведуваат во лежечка, седечка и стоечка позиција
- Вежби за зголемување на мускулна сила на здравиот екстремитет, горните екстремитети и трупот задолжително да се спроведуваат
- Вежби за баланс во седечка и стоечка позиција
- Трансфер кревет – количка и обратно
- Едукација за одење со патерици
- Едукација за самостојно бандажирање
- Психолошка поддршка
Пациентот мора да избегнува:
- Потпирање на колкот или коленото во флектирана положба.
- Седење во истата положба подолго време или кои било други положби што
придонесуваат за настанување на едем на екстремитетот.
Пациентот треба да спроведува:
- Вежби за десензибилизација на чкунката
- Со цел да се намали отокот колку што е можно порано, треба да се започне со употреба на компресивен завој или на еластичен чорап.
- Бандажирањето за обликување на чкунката треба да започне толку порано колку чкунката толерира лесен притисок Најголемиот притисок е во дисталниот дел и како намотувањето на завојот напредува кон проксимално, требада се аплицира помал притисок.
Начин на бандажирање на потколени ампутации со еластичен завој:
- Со еластичниот завој се преминува преку крајот на екстремитетот и нежно се растегнува завојот.
- Потоа се отпушта завојот и еднаш се преминува околу екстремитетот
- Се зголемува истегнувањето и се оди на едната страна од центарот
- Се намалува истегнувањето и се оди назад. Потоа се оди на другата страна од центарот со зголемување на истегнувањето.
- Оваа постапка се повторува се додека не се заврши со завојот.
Начин на бандажирање на натколени ампутации со еластичен завој:
- Се користат два 10 цм широки еластични завои
- Се поминува со завојот 2 пати околу колкот
- Се завиткува завојот преку крајот на екстремитетот
- Се завиткува повторно околу колкот
- Се завиткува повторно околу крајот на екстремитетот
- Уште еднаш се преминува преку колкот и се лепи завојот
Компресивни чорапи – после зараснување на раната (Хирург одлучува). Мерките за чорапот ги зема фармацевт во амбуланта, кога раната ќе зарасне.