Петте тибетански вежби го претставуваат концептот на 5 вежби кои тибетските свештеници ги користеле за да живеат подолг и поздрав живот. Програмата на нивните вежби ја има опишано Питер Келдер во неговата книга “Античката тајна на фонтаната на младоста”. Има многу придобивки од овие вежби, а некои од нив се подобар сон, утринско будење свежо и полни со енергија, подобрување на здравјето, подобра меморија, слабеење, подобрување на физичката сила и издржливост, емоционално и ментално здравје.
КАКО ДЕЛУВААТ ОВИЕ ВЕЖБИ?
Според Тибетанците, овие вежби ги активираат и стимулираат седумте клучни чакри, кои пак ги стимулираат жлездите на ендокриниот систем. Ендокриниот систем е од суштинско значење за целокупното функционирање на организмот и за процесот на стареење. Така, со овие вежби ќе влијаете на сите органи и системи, вклучувајќи ги физичките и енергетските системи кои влијаат на процесот на стареење.
ПРОГРАМА ЗА ВЕЖБАЊЕ НА ПЕТТЕ ТИБЕТАНЦИ
Овие вежби претставуваат адаптирани јога движења. Тибетанците со години ги усовршуваат движењата, па затоа е многу важно вежбите да ги правите точно како што е опишано.
Зголемете го бројот на повторувања за едно неделно, до максимум 21 повторување на секоја вежба.
Првата недела, доколку сте здрави и во релативно добра форма, секоја вежба правете ја 3 пати. Доколку не сте во форма и имате здравствени проблеми, секоја вежба правете ја само еднаш, а само доколку не чувствувате непријатност додека ја изведувате вежбата, продолжете со програмата. Исто така, консултирајте се со вашиот лекар или физиотерапевт пред да ги извршите вежбите. Ако имате вишок килограми, не правете ги четвртата и петтата вежба додека не ја вратите силата и издржливоста.
Кога ќе почнете да вежбате, правете ги само оние вежби за кои не се чувствувате непријатно кога ги изведувате. На почетокот може секоја вежба да ја правите само еднаш, но не се откажувајте, за 4-5 дена ќе можете да ја повторите вежбата двапати. Зголемете го бројот на повторувања за едно неделно, до максимум 21 повторување на секоја вежба. Ова е и максималниот број пати кога можете да извршите една вежба.
Линк од видео со вежби : www.youtube.com/watch?v=HXU5QoK7ku4