Напредно
Пребарување

Како Физиотерапевтите можат да им помогнат на пациентите болни од корона вирусот ?

Светските истражувања покажуваат дека 16%  од хоспитализираните пациенти кои биле заразени со ковид 19 ќе имаат потреба од интензивно лекување често со долг период на хоспитализација. Некој од нив ќе бидат во индицирана кома на машина за дишење .14 % ќе имаат тешки инфекции а 6% ќе бидат критично болни .Скоро сите пациенти кои ќе бидат болнички третирани ќе имаат потреба од медицинска  рехабилитација со цел враќање на претходните способности на пациентите.

Во текот на критичниот период физиотерапевтите ќе ги мониторираат пациентите и ќе донесат одлука од каков тип на физиотерапија  ќе имаат потреба пациентите . Одлуката ја носат преку следење на повеќе параметри како што  се нивото на кислород т.е периферната сатурација ,лабараториските крвни резултати (гасните анализи) ,белодробните РТГ анализи и секако редовните консултации со колегите од ковид тимот. Врз основа на добиените резултати и проценки се спроведуваат  респираторната физиотерапија со цел подобрување на респираторната функција и физичко опоравување за настанатата мускулно скелетна слабост поради пролонгираната имобилност .

Еве неколку состојби при кој физиотерапевтите може да помогнат кај хоспитализираните пациенти со COVID-19.

Ниско ниво на кислород во крвта

Луѓето со тешка COVID-19 инфекција страдаат од ниско ниво на кислород .Пациентите со отежнато дишење имаат влошена белодробна функција поради која нема соодветна циркулација на кислород во телото и сите важни органи .Па затоа многу важна улога игра кислородната терапија на почетокот од третманмот на овие пациенти . Кислородната терапија е терапија како и секоја друга која треба соодветно да биде дозирана и на соодветен начин да биде примена од страна на пациентот. На пример треба да се знаат основните работи во врска со нејзината примена , т.е  назалната канила доставува проток О2 4-5 л/О2/мин или доставува 25 % кислород , кислородната маска (хадсон) доставува проток на на О2 од 5 до 10 л/О2/мин со максмилен довод на 30 – 40% кислород ,Venturi маските можат да доставуваат проток на О2 од 2 до 15Л/О2/мин или од 20-60% О2. Доколку пацинетот има многу ниска преиферна сатурација на пр. 70-60 Spo2%  тогаш може да се вклучи кислородна терапија со висок проток на О2 која достигнува проток и до 70 л/О2/мин со цел да се сатурира пациентот задоволително и да се избегне континуирана хипоксија.

За да се има успех во дадената кислородна терапија потребно е пациентот да биде соодветно позициониран за да може кисородот да биде доставен до сите делови на белодробието.

Во умерени до тешки случаи на КОВИД-19, се препорачува пронација т.е  позиција во која пациентот лежи на стомак . Оваа позиција  може да го зголеми нивото на кислород во крвта, бидејки со оваа позиција под притисок на внатршените гасови во градниот кош се отвораат поодалечните делови на  белите дробови при што се овозможува поголема вентилација и соодветна размена на гасови во целото белодробие. Најчесто овој третман се користи кај критично болните пациенти од COVID-19 во одделите за интензивно лекување ,но истотака забележани се податоци на подобрување и кај другите пациенти кои се во средно тешка или лесна фаза на болеста  кои можат сами да се пронираат.

Поставувањето на тешко болните пациенти во оваа позизција – пронација изискува голем број на здравствени работници ,лекари специјалисти,медицински сестри , болничари и секако физиотерапевти. Физиотерапетите понекогаш предлагаат и други позиции за третман т.е за спроведување на постурална дренажа . Оваа техника се комбинира со перкусиона терапија и се спроведува во различни позции соодветни за евакуација на белодробен секрет и ослободување на дишните патишта .

Истотака во третманот на проблемот со ниското ниво на кислород кај овие пациенти , физиотерапевтите можат да бидат инволвирани и во спроведувањето на неинвазивна вентилација по нивна иницијативна според проценка на пациентот во координација докторите .

Неинвазивната вентилација(НИВ) е форма на подршка при дишењето кое не вклучува поставување на цевка за дишење во дишните патишта затоа е всушност неинвазивна метода.Третманот се спроведува со маски за дел од лицето или за цело лице преку кои се спроведува терапија со континуиран позитивен притисок со цел да се подобри дишниот процес и нивото на кислород во телото . Многу е важно правилно да биде спроведена оваа терапија преку правилно користење на соодветни маски за пациентот со цел да се избегне ширењето на вирусот преку аеросоли .

Како и да е сепак одлуката помеѓу НИВ или МВ механичка вентилација т.е рана интубација е на докторот врз основа на неговата проценка и анализа на сите медицински параметри на пациентот.Без разлика на одлуката физиотерапевтите имаат вештини за да учествуваат и во двата процеса на третирање на состојбата.

Отежнато дишење и белодробен секрет 

Поголемиот дел од COVID-19 пациентите имаат сува кашлица, но истотака според некои истражувања има пациенти кои имаат проблем со белодробен секрет поради кој се згрижени за болничко лекување. Кај овие пациенти се спроведува постуралната дренажа во комбинација со перкусиона и вибротерапија, со цел да се  евакуира белодробниот секрет и да се ослободи место за кислород во градите.

Перкусионата терапија (тапкање) е техника која се одвива во областа на градниот кош со цел да се предизвика одлепување и раздвижување на белодробниот секрет од базалните делови на белодробите кон горните дишни патишта за да биде полесно исфрлен од страна пациентот.

Како дополнување на ова терапија може да биде и вибротерапијата , која може да биде мануелна или апаратна при која всушност се користи уред за вибротерапија (вибромасажер) со соодветен број на вибрации и површина на главата за медицинска употреба.

Во овој процес на третирање на отежнатото дишење пациентите ќе добијат инструкции од физиотерапевтие за спроведување на соодветни респираторни вежби кои ќе им помогнат да се ослободат од заостанат белодробен секрет. Ќе бидат советувани за користење на најразлични позиции за спроведување на техники за релаксирање на  дишењето и соодветна активност во текот на денот  .

Сите овие техники од респираторната физиотерапија предизвикуваат кашлање кое може да биде опасно поради ширењето на вирусот преку аеросоли па затоа е потребно физиотерапевтите да користат целосна опрема за лична заштита според светските стандардни за работа.

Истотака во овој процес од корист би било користењето на негативен притисок во собите каде што се сместени овие пациенти со цел да се избегне  циркулација на воздухот надвор од собата и ширење на вирусот.

Мускулна слабост

Најголемиот фокус на физиотерапијата во периодот на пандемијата е враќање на мобилноста на критично болните пациенти колку што е можно порано . Ова може да се случи кога пациентите се доволно спремни за физичка активност . За почеток може да се спроведуваат едноставни вежби (пасивни ,активно-потпомогнати или активни) за раздвижување на рацете,нозете и телото во креветот со цел зголемување на мускулната сила и издржливост .Во овој процес најважно за физиотерапевтот е да ги мониторира виталните знаци  преиферната сатурација-нивото на кислород , респираторниот ритам,срцевата фрекфенција и крвниот притисок  за да процени толеранцијата на пациентот на физичка активност .Користењето на Mottomed уредите може да даде свој придонес во подобрувањето и одржувањето на подвижноста зглобовите во почетните и понатамошните фази на рехабилитација. Истотака може да се користат и некои форми на електротерапија како што се нервно-мускулна стимулација или функционална магнетна стимулација со што ќе се предизвика еден дополнителен инпут и забрзување на целиот овој процес на закрепнување .

Процесот на рехабилитација зависи од состојбата на пациентот . Чуството на замор и слабост се појавува кај 40%  од пациентите , затоа е потребно физиотерапевтите да прават индивидуални планови за рехабилитација со кратки сесии на вежби во комбинации со другите физиотерапевтски модалитети според можносите на пациентот . Некои пациенти ќе имаат проблеми со збунетост и вознемиреност предизвикани од претходниот делириум па ќе им биде потешко да се вклопат во процесот на рехабилитација.

За пациентите со тешки инфекции дури и минималните движења може да бидат истоштувачки и да  предизвикаат рапиден пад на нивото на кислород . Затоа рехабилитација треба да прогресира постепено низ процесот на враќање на мобилноста од седење на раб од кревет, вертикализација (стоење) , марширање и пешачење според толеранцијата на пациентот  .

Хоспитализираните пациенти со COVID-19 најчесто се луѓе кои имаат и претходно здравствени проблеми, како што се проблеми со бубрезите, висок крвен притисок, дијабетес, корорнарна срцева болест и дебелина. Но некои  пациенти исто така можат  да развијат оштетување на белите дробови и бубрезите, срцето и црниот дроб додека се во процесот на критично закрепнување . т.е. вирусот остава свои траги преку создавање на последици па дури и кога пациентите не се повеќе позитивни на COVID-19 . Сите овие фактори влијаат на нивната способност да се опорават и физиотерапевтите мора внимателно да направат проценка за нивната рехабилитација врз основа на последиците од вирусот .

Пациентите кои лежат подолго на одделот за интензивно лекување со пролонгирана механичка вентилација имаат и пролногирана мобилност  и сетоа тоа може да влијае на нивната физичка функција, ментално здравје или  когнитивна способност. Таму  каде што е можно,  физиотерапевтите ќе им помогнат на пациентите да се справат со новонастанатата состојба  до нивно целосно физичко закрепнување за да можат да се вратат дома.

Процесот на рехабилитација е долг па некои пациенти истиот ќе го проодолжат и во домашни услови  по инструкции на физиотерапевтите со повремени домашни посети по потреба според стандардите за користење на опрема за лична заштита или преку користењето на паметните технологии како што се „теле-рехабилитација“ за онлјан консултации кои може да им помогнат да се вратат во добро  здравје  и  да ја одржуваат својата состојба и во домашни услови .

 

References:

https://www.physio-pedia.com/Coronavirus_Disease_(COVID-19)

https://world.physio/sites/default/files/2020-09/Physiotherapy_Guideline_COVID-19_Macedonian.pdf

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.