Во емисијата Телма Амбуланта имав можност да зборувам за една од најголемите здравствени предизвици на денешницата – дебелината кај децата и адолесцентите. Во разговорот беа опфатени причините за појава на прекумерна телесна тежина, ризиците по здравјето на децата, важноста на раната превенција и улогата на физичката активност во секојдневниот живот.
Посебен акцент беше ставен на значењето на физиотерапијата, кинезитерапијата и редовното движење како дел од мултидисциплинарниот пристап во справувањето со детската дебелина.
Доколку ја пропуштивте емисијата, ве поканувам да го погледнете целото гостување на YouTube и да дознаете повеќе за оваа актуелна тема која директно влијае врз здравјето и иднината на нашите деца.
▶️ Погледнете го гостувањето: 📺 – Телма Амбуланта & Блаже Арсов