Пред да зборуваме за неспецифична болка во долниот дел на грбот (NSLBP), најпрво мора да исклучат потенцијално сериозни заболувања:
- фрактури,
- тумори,
- инфекции,
- инфламација,
- спинални патологии како на пр. дискус хернија со компресија на нервен корен,
- болка која рефлектира од патологија на внатрешни органи;
Од каде доаѓа болката ако снимките изгледаат „нормално“?
Секоја инервирана структура може да биде извор на болка: мускули, лигаменти, зглобови, дискови како и тораколумбалната фасција (ТЛФ). Фасцијата е сврзно ткиво, богато со нервни завршетоци, некои се чувствителни на болка, некои реагираат на напнатост и движење. Кога фасцијата ќе се воспали, ако дојде до повреда или ја изгуби својата „лизгачка“ способност, која е многу битна за нејзина нормална функција, се создаваат абнормални тензии. Движењата стануваат ограничени и болни, а често се јавува и утринска вкочанетост. Фасцијата се прилагодува различно во различни движења, таа е флексибилна и подвижна, но при хронична болка, станува помалку еластична и се деформира поинаку за време на движење (на пр. При кревање на товар).- Овие промени влијаат на мускулите кои го стабилизираат ’рбетот (мултифидус, еректор спини) па доаѓа до нарушена контрола на движење. И глутеусите и задната ложа влијаат на вкочанетоста во лумбалниот дел.
Што се функционални промени?
Болката и вкочанетоста не секогаш се резултат на повреда или заболување. Може да биде резултат на функционални промени, промена во начинот на кој ткивата ја извршуваат нивната нормална функција. Ова се поврзува и со централна сензитизација, зголемена чувствителност на нервниот систем, болката се чувствува поинтензивно и подолго.-
Мускулите – намалена активација
-
Фасцијата – местото се чувствува затегнато
-
Крвните и лимфните садови – циркулацијата се успорува
-
Нервни завршетоци– праќаат сигнали на болка
Како се третира?
Разбирањето на овие механизми овозможува персонализирани третмани, кои вклучуваат:- Мануелна терапија/Фасцијална Манипулација (ФМ) – техники насочени кон враќање на нормалната биомеханика на телото. Намалена болка, зголемена подвижност.
- Вежби за активација на длабоките стабилизатори на ’рбетот – со цел враќање на нормалната контрола на движењето.
- Истегнување – клучно е за правилно ремоделирање на колагенските влакна, што го прави ткивото поеластично и поотпорно на механички стрес.
- Намалување на сензитивноста – преку движење, едукација и техники за релаксација.