Lasegue’s test
Тестот Ласег го добил името по францускиот лекар Шарл Ласег (1816 – 1883). Ние го изведуваме така што пациентот лежи на грб со испружени колена и колкови. Физиотерапевтот ја крева ногата на пациентот, која мора да остане испружена во коленото, така што во зглобот на колкот се врши само флексија. На овој начин здрав човек може да ја подигне ногата приближно до 90 степени, без да почувствува болка, туку само затегање од задниот дел од ногата. Тестот е позитивен ако има болка при флексија, која може да се локализира во пределот на лумбалниот ‘рбет, но може и да се прошири и по должината на ногата. Со овој тест докажуваме стимулација на нервните корени L5 и S1.
Болката за време на тестот Lasegue од 0-30 степени укажува на тешка нервна иритација и бара дополнителни тестови и преглед од неврохирург и интензивна физикална терапија.
Болката за време на тестот Lasegue од 30-60 степени укажува на средна иритација на нервот, таквите потешкотии обично добро се решаваат со физикална терапија.
Болката за време на тестот Lasegue од 60-90 степени укажува на блага нервна иритација и со физикална терапија можеме релативно брзо да ги намалиме симптомите и болката.
Lasegue тестот е клинички тест кој се изведува со преглед и не може да биде замена за дијагностички процедури кои треба да се направат во случај на болки во ‘рбетот, но може да биде корисен и да укаже на јачината и специфичноста на проблемот, и тоа е составен дел од клиничкиот преглед за болки во долниот дел на грбот.