Напредно
Пребарување

1.Македонското физиотерапевтско здржение е еден од начините за полесна реализација на потребите на физиотерапевтите кај нас. Кои се целите и задачите на оваа асоцијација?

Одговор: Македонското физиотерапевтско здружение е невладина стручна организација која има за цел да креира политики и да создава услови за воведување  на закон за самостојна физиотерапевтска пракса и формирање на физиотерапевтска комора која ќе врши  лиценцирање на физиотерапевтите на територијата на Република Македонија . Освен овој фокус ,здружението има и други цели кои ги спроведува според годишната програма , а тоа се организирање на физиотерапевтски стручни и научни собири со цел едукација и доедукација; заштита на интересите на физиотерапевтите и физиотерапевтскиот труд; директно и индиректно помагање на членовите на македонското физиотерапевтско здружение во спроведувањето на научни истражувања и воведување на пракса базирана на докази; поттикнување, организирање и активирање на членовите на македонското физиотерапевтско здружение во напорите за афирмација и развој на физиотерапевтската теорија и практика.

2.Кои се генералните проблеми со кои се соочуваат нашите физиотерапевти?

Одговор: Базичен проблем за физиотерапевтите во Македонија е деградирањето на нивното образование поготово за оние колеги кои се со високо образование ( прв и втор циклус на високо образование) . Знаете во Македонија кога ќе се спомне професијата физиотерапевт се мисли на масер , а тоа е всушност и навреда за профилот , бидејки физиотерапевтот е многу повеќе од масер . Мануелната масажа е само дел од мануелните техники кои ги изучуваме но тоа не не прави масери .Според програмата за високо образование на физиотерапевтите во Македонија , истите се едуцираат за да можат да бидат самостојни во својата дејност но исто така и да можат да функционират како составен дел од тимот за рехабилитација. Но и покрај тоа во македонија сеуште не постои закон кој ќе ја регулира работата на оваа професија и затоа имаме многу случаеви кога наши колеги вршат преквалификација со цел да дојдат до економска егзистенција имајки предвид ограниченоста во реализацијата на својата професија. Овој проблем директно се одразува и врз пацинетите ,бидејки истите имаат проблем поради недостиг на директен пристап до физиотерапевт и најчесто се одлучуваат на нелегален начин да се лекуваат и да користат услуги од не соодветно едуциран физиотерапевт.

3.Неодамна беше одбележан Светскиот ден на физиотерапевтите. Која е пораката околу која се обединија годинава вашите колеги во светот?

Одговор:  На 8ми септември се одбележува светскиот ден на физиотерапевтите ,македонските физиотерапевти редовно го одбележувааа овој ден  со различи манифестации и кампањи кои ги спроведува Македонското физиотерапевтско здружение. Настанот по овој повод одржа во ЕУ инфо центарот во Скопје и се одбележа  под мотото “ Физиотерапија и менталното здравје “ . Според  статистиките на светската здравствена организација  , еден од шест  личности во текот на една недела може да почуствува некоја од вообичаените ментални потешкотии , а еден од четворица во текот на животот ќе искуси некаков вид на ментална потешкотија. Пациентите со нарушено ментално здравје умираат 10-20 години порано, често од незаразни болести како што се кардио васкуларните проблеми или друг телесен инвалидитет.  Поради оваа негативна статистика светската конфедерација за физикална терапија (WCPT)  одлучи да го одбележи овој светски ден под ова мото со цел да се подигне свеста за улогата на физиотерапијата во помошта при лечењето од депресија и други потешкотии во менталното здравје. Светскиот ден на Физиотерапевтите се одбележува веќе 22 години од 1996 година кога Светската конфедерација на физиотерапија (WCPT) го назначи 8 септември како Светски ден на физиотерапевтите, како датум на кој  истата е основана во 1951 година. Денот е можност за физиотерапевтите од целиот свет да ја подигнат свеста за клучен придонес во професијата која ги одржува луѓето да бидат мобилни и независни. Овој ден се одбележува со единство и солидарност на глобалната физиотерапевтска заедница со цел да се признае делото што го прави секој физиотерапевт за своите пациенти.

4.Ако направиме паралела околу физиотерапевтските новитети во светот и кај нас, дали и колку доцниме?

Неможе да се каже дека вистински доцниме , новите генерации на физиотерапевти редовно ги следат светските достигнувања во развојот на новите техники и методи во физиотерапијата но исто така го следат и се информираат за новите технолошки достигнувања кои директно влијаат во процесот на рехабилитација. Имајки предвид претходно споменатите проблеми вистинското прашање е колку од колегите имаат вистинска мотивација да продолжат со својата доедкуација и да инвестираат во себе,  а во исто време да се ограничени истото да го применат директно на пациентите во Македонија.

5.Модерниот начин на живеење се чини секојдневно ви го зголемува обемот на работа. Која симптоматологија е сѐ почеста во секојдневната пракса?

Факт е дека мускулно-скелетните заболувања се најчестите состојби кои бараат физиотерапевтски третман ,предизвикани од модерниот и брз начин на живеење без доволно време за соодветна физичка активност во текот на денот. Но сепак може да се каже дека истотака има интерес и од пациенти со други заболувања кои бараат физиотерапевтски третман . Имајки предвид лесната достапност на инфорамции преку интернет мрежите пациентите се интересираат бараат лекувања и на други болести со физиотерапија, како што се заболувања на кардиваскуларниот систем, невролошки состојби, респираторни заболувања , па во последно време и урогинеколошки диагнози болести.

6.Што е следно во програмата на здружението за оваа година ?

Оваа година здружението спроведе 5 едукатвни настани по барање на колегите , нашите членови и до крајот на годината ке се одржат уште пет настани меѓу кои се и семинарите за “Физиотерапија и Цистична фиброза”, “Клиничка физиотерапија” , курсеви за “Медицинска акупунктура” и “Кинезиотејпинг”. На средината на оваа година постигнавме и договор за соработка и со здружението за цистична фиброза на Македонија имајки предвид дека 50% од третманот на овие болни е физиотерапијата и решивме заедно да отпочнеме кампања. Тоа е всушност и првата кампања за цистична фиброза во Македонија која е започната од на Меѓународниот ден на физиотерапијата – 8 септември 2018. Кампањата е организирана под покровителство на Н.Е. г. Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија и ќе трае до мај 2019, со активности кои ќе се организираат секој месец.  Нашата главна цел е да ја подигнеме свеста за цистичната фиброза. Оваа ретка болест е сложена и бара соодветен одговор од страна на носителите на одлуки, докторите, социјалните работници, наставниците, родителите, пријателите … одговор базиран на знаење, професионалност, емпатија, заеднички вредности за најдобар интерес на децата и возрасните со ЦФ. За време на кампањата, средствата кои ќе се соберат веднаш ќе бидат наменети за купување на материјал и клучни помагала за пациентите. Убедени сме дека само со здружени сили може да се направи разлика. Нашата мисија е да понудиме одговори за недостатоците во третманот на ЦФ, споделувајќи ги знаењата во корист на сите, сè со цел да им се помогне на пациентите со ЦФ.

8.Вашиот професионален ангажман моментално го извршувате во Клиниката Жан Митрев. Со оглед на специјалноста на клиниката, на какви проблематики најчесто работите и кој е рецептот за успешна соработка меѓу пациентот и физиотерапевтот?

Во Жан Житрев Клиника работам веќе 10 години и сум дел од тимот на    физиотерапевти  кој број седум високо едуцирани физиотерапевти и првенствено спроведуваме рана рехабилитација по кардиохируршки интервеции . Раната рехабилитација вклучува неколку меѓусебно врзани процеси како што раната мобилизација и  респираторната терапија кои скоро секогаш одат во комбинација после  операции на срце. Истотака имајки предвид дека во болницата се спроведуваат и други видови на операции, ние како тим учествуваме во рехабилитацијата на сите овие пациенти и им помагаме брзо и лесно да се опорават после поминатата операција. Единствениот рецепт за успешна рехабилитација е градењето на доверба помеѓу физиотерапевтот и пациентот ,затоа ние во Жан Митрев клиника ги запознаваме сите пациенти пред операција спроведувајки едукација кај пациентите а, понекогаш и со нивните семејства за процесот кој следува и воедно селектираме анамнестички информации кои ни помагаат во создавањето на индивидуланиот план за рехабилитација кај секој пациентот .

https://issuu.com/eurofarm/docs/sz_41__malo_

СЕМЕЈНО ЗДРАВЈЕ БРОЈ 41 Published on Nov 5, 2018

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.