Напредно
Пребарување

Јаки коски , темели на добро здравје

 

Osteonorm® Forte е единствена формула која содржи хидролизирани колагенски пептиди (говедско месо) Peptan ®, калциум лактат, витамин D3 и витамин K2.

Osteonorm® Forte се препорачува за:

  • Лице со остеопороза или остеопенија
  • По сите видови фрактури на коските
  • Кај жени во менопауза
  • Кај лица над 50 години
  • Како превенција за зачувување на здравјето на коските

 

Што го прави нашиот препарат посебен и како делува?

Здравје на коските – поддршка одвнатре!

Една кесичка (12 g) содржи хидролизирани колагенски пептиди 5000 mg, калциум лактат 500 mg, витамин D3 2000 IU (50 µg) и витамин K2 (MK7 форма) 100 µg.

Колагенот е најзастапениот протеин во нашето тело – тој сочинува повеќе од 25% од вкупните протеини. Но, не е целиот колаген ист.
Биоактивните колагенски пептиди на Peptan® се добиваат од колаген тип I и се специјално обработени за полесно да се апсорбираат во телото. Благодарение на нивната ниска молекуларна тежина, тие брзо стигнуваат до целните ткива и го стимулираат природното производство на колаген, со што придонесуваат за зајакнување на коските и зголемување на нивната густина.

Калциум лактат – неопходен за силни и цврсти коски. Оваа форма на калциум има висока растворливост и одлична апсорпција, што значи дека лесно се користи од страна на телото таму каде што е најпотребен.

Витаминот D3 е неопходен за здрав метаболизам на коските. Помага во правилна минерализација и ги балансира процесите на градење и разградување на коските.

Витаминот К2 игра важна улога во правилната дистрибуција на калциумот – помага да се инкорпорира таму каде што треба да биде, во коските, а не да се таложи во крвните садови. За разлика од витаминот К1, тој има подолготрајно дејство во зачувувањето на здравјето на коските.

Препорачана доза и начин на употреба :

Возрасни: 1 кесичка дневно, растворена во чаша вода
Најдобро е да се зема по оброк за оптимална апсорпција на витамините D3 и K2
Се препорачува долготрајна употреба за да се постигнат оптимални придобивки за здравјето на коските и зглобовите, минимум три месеци.

Состојки

Хидролизирани говедски колагенски пептиди, средство за зголемување на волуменот (сорбитол), калциум лактат, регулатор на киселост (лимонска киселина), вкус на лимон, средство против згрутчување (силициум диоксид), засладувачи (стевиол гликозиди и сукралоза), менахинон (витамин К2), холекалциферол (витамин Д3).

Предупредувања за употреба

Препорачаните дневни дози не треба да се надминуваат. Консултирајте се со лекар или фармацевт пред да го користите производот. Лекарот може да препорача количина и период на земање на производот прилагодени на индивидуалните потреби. Производот не е наменет за деца, бремени жени, доилки и лица кои се преосетливи на која било од состојките на производот!

Производот не треба да се користи истовремено со други додатоци во исхраната што содржат витамин Д.

По еден месец од земањето, проверете го нивото на витамин Д во крвта.

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.