Напредно
Пребарување

ФИЗИОТЕРАПИЈАТА ВО ТРЕТМАНОТ НА пациентите со корона вирусот (COVID-19)

  1. Во кои состојби можат да помогнат физиотерапевтите кај хоспитализираните пациенти со COVID-19?

Ниско ниво на кислород во крвта – Луѓето со тешка COVID-19 инфекција страдаат од ниско ниво на кислород. Пациентите со отежнато дишење имаат влошена белодробна функција поради која нема соодветна циркулација на кислород во телото и сите важни органи. Па затоа многу важна улога игра кислородната терапија на почетокот од третманмот на овие пациенти .

Во умерени до тешки случаи на КОВИД-19, се препорачува пронација т.е  позиција во која пациентот лежи на стомак. Оваа позиција може да го зголеми нивото на кислород во крвта, бидејки со оваа позиција под притисок на внатршените гасови во градниот кош се отвораат поодалечните делови на  белите дробови при што се овозможува поголема вентилација и соодветна размена на гасови во целото белодробие. Важно да се напомене е дека се забележани податоци на подобрување и кај другите пациенти кои се во средно тешка или лесна фаза на болеста кои можат и сами да се пронираат(да лежат на стомак).

  1. Најголемиот проблем кај заболените од COVID-19 се отежнатото дишење и белодробен секрет, како може да им се помогне на овие пациенти?

Поголемиот дел од COVID-19 пациентите имаат сува кашлица, но истотака според некои истражувања има пациенти кои имаат проблем со белодробен секрет поради кој се згрижени за болничко лекување. Кај овие пациенти се спроведува постуралната дренажа во комбинација со перкусиона и вибротерапија, со цел да се  евакуира белодорбниот секрет и да се ослободи место за кислород во градите.

 Перкусионата терапија (тапкање) е техника која се одвива во областа на градниот кош со цел да се предизвика одлепување и раздвижување на белодробниот секрет од базалните делови на белодробите кон горните дишни патишта за да биде полесно исфрлен од страна пациентот.

Како дополнување на ова терапија може да биде и вибротерапијата , т.е всушност станува збор за користење на уред за вибротерапија (вибромасажер) со соодветен број на вибрации и површина на главата за медицинска употреба.

При овие терапиии се користи и ФИТАЛП  гел или ФИТАЛП масло кое дополнително ќе ја релаксира грбната мускулатура и ќе го забрза процесот на ослободување на белодробниот секрет.

Во процесот на третирање на отежнатото дишење пациентите добиваат инструкции од физиотерапевтие за спроведување на соодветни респираторни вежби кои ќе им помогнат да се ослободат од заостанат белодробен секрет. Ќе бидат советувани за користење на најразлични позиции за спроведување на техники за релаксирање на  дишењето и соодветна активност во текот на денот.

Фиталп гелот и маслото кои се користат при овие терапии  може да се користат и кај болни во домашни услови кои со благи масажи и тапкање можат да допринесат за олеснување на општата сосотојба на пациентот.

Фиталп гелот во својот состав има природни етерични масла кој при нивното активирање при вибротерапијата (тапкање)  се ослободува нивното ароматично дејство кое делува како дополнителен респираторен третман преку инхалирање на овие масла кои го надополнуваат процесот за бронходилатација и ослободување на дополнителен простор за кислород во белите дробови . Дополнително ФИТАЛП  гелот ја намалува главоболката и  ги  намалува болките во телото и општата затегнатост на телото при настинка, воспаление итн.

  1. Веќе знаеме дека и по негативниот тест, пациентие кои биле заразени од овој вирус потешко и поспоро се враќаат во нормала, однсоно дури и по лекувањето тие сеуште не се подготвени да се вратат на старите секојдневни обврски и рутини. Што Вие им препорачувате на овие пациенти?

Слабост на горните и долните екстремитети – Пост ковид рехабилитација – Најголемиот фокус на физиотерапијата во периодот на пандемијата е враќање на мобилноста на критично болните пациенти колку што е можно порано. Ова може да се случи кога пациентите се доволно спремни за физичка активност. За почеток може да се спроведуваат едноставни вежби (пасивни, активно-потпомогнати или активни) за раздвижување на рацете, нозете и телото во креветот. Во овој процес најважно за физиотерапевтот е да ги мониторира виталните знаци  периферната сатурација-нивото на кислород, респираторниот ритам, срцевата фрекфенција и крвниот притисок  за да процени толеранцијата на пациентот на физичка активност .

Процесот на рехабилитација зависи од состојбата на пациентот. Чуството на замор и слабост се појавува кај 40% од пациентите, затоа е потребно физиотерапевтите да прават индивидуални планови за рехабилитација со кратки сесии на вежби во комбинации со другите физиотерапевтски модалитети според можносите на пациентот. Некои пациенти имаат проблеми со збунетост и вознемиреност предизвикани од претходниот делириум па ќе им биде потешко да се вклопат во процесот на рехабилитација.

За пациентите со тешки инфекции дури и минималните движења може да бидат истоштувачки и да  предизвикаат рапиден пад на нивото на кислород. Затоа рехабилитација треба да прогресира постепено низ процесот на враќање на мобилноста од седење на раб од кревет, стоење, марширање и пешачење според толеранцијата на пациентот.

www.mfz.mk

www.fizioterapevti.mk

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.