Цервикална ункартроза значи присуство на дегенеративни промени во малите зглобови на пршлените на цервикалниот ‘рбет, што може да резултира со иритација на нервните корени.
Ова може да предизвика болка во вратот и околните регии како например болка во рамото, лопатките, главата … како и ширење на болката по должина на едната или две раце ,
Во терапијата за ублажување на болката најчесто се користат нестероидни антиревматски лекови (диклофенак, ибупрофен и сл.) во форма на таблети или гелови за локална апликација.
Истотака значително влијание во третмнаот на оваа дијагноза имаа и голем рој на физиотерапевтски третмани како на пример:
*криотерапија,
*терапевтски ултразвук
*фонофореза
*функционална магнетна стимулација
*кинезиотејпинг
*интерферентна терапија
*кинезитерапија
*Ergon IASTM техника
Големо влијание има едукацијата на пациентите за заземање на правилни позиции во текот на работата на компјутер и истотака едукацијата за спроведување на одредени вежби и во домашни услови или за време на работниот процес и на тој начин да допринесат во спречување или ублажување на последиците од ункартрозата со одржување на мобилноста и стабилноста на за цервикалениот ‘рбет .