Терапевтски ултразвук – физиотерапија
Терапевтскиот ултразвук се состои од апарат кој има генератор на наизменична струја и сонда (апликатор) во која се наоѓа пиезоелектричен кристал кој во контакт со струја овие кристали ја трансформираат електричната енергија во ултразвучен бран . Во зависност од фрекфенциите кои ќе бидат употребат од ултразвучниот aпарат разликуваме површинско и длабинско дејство на терапијата. Ултразвучниот бран може да биде константен или променлив (импулсен).
Терапевтските ефекти на ултразвукот се механички и топлотни. Вибрациите на молекулите во ткивата создаваат механички ефект кој може да навлезе длабоко во тикивата и по неколку минути да предизвика локално зголемување на темпретатурата (топлотен ефект) со што ултразувкот го добива своето комплетно терапевтско дејство . Поради ова дејство терапевтскиот ултразвук уште се именува и како ултразвучна дијатермија .
Всушност ултразвучните вибрации прават високофрекфентна длабока микромасажа на локалните ткива која предизвикува топлотен ефект кој води до вазодилитација и забрзување на лимфниот проток .
Локалното зголемување на температурата ги има следните физиолошки дејства:
- Зголемување на пермеабилноста на клеточните мембрани
- Подобрување на циркулацијата после вазодилитација на ткивата
- Подобрување на циркулацијата и намалување на активноста на симпатикусот кое води до намалување на мускулниот тонус и намалување на болакта
- Абсорбцијата на ултразвучната енергија може да доведе до зголемување на еластичноста на ткивата
- Зголемена способност на ткивата за сопствена регенерација
Физичко-хемиски ефекти : подобрување на оксидациските и репродукциски процеси во ткивата , го стимулира дејството на фамаколошките активни супстанци во ткивата
Биолошки ефекти : зависат од интензитетот,фрекфенцијата и времетраењето на терапијата
Ултразвукот делува на активација на заштитните функции на ретикуло-ендотелниот систем , на подобрување на трофиката во ткивата, на биосинтезата на протеинските комплекси, на хиперемијата, и на подобрување на циркулацијата. Во состојба на вазодилатација и хиперемија се зголемува транспортот на возпалителните и распадни продукти . Со механичкото дејство се одвиваат важни промени во колагенските влакна . Општото дејството на ултразвукот е преку вегетативниот нервен систем . Вибрациското дејство на ултразвукот на симпатичките нерви води кон спазмолитичко дејство ,односно го намалува тонусот на симпатикусот.
Индикации каде може да се применуваа ултразвучната терапија се следните:
- Хронични болни состојби на мускулите,
- Мускулни спазми ,
- Ограничени движења во зглобовите поради скратени мускули и околу зглобните структури.
- Зглобни контрактури ,адхезивен капсулитис ,
- Хроничен артритис
- Екстраартикуларен ревматизам (бурзитис,периартритис,епикондилитис)
- Возпалителен реваматизам (морбус бехтерев)
- Дистензија
- Фиброза ,
- мускулни хематоми
- неурономи
- хронични болести на периферните крвни садови ,(вазоспазам)
- акутни спортски повреди (мускули,зглобови.тетиви) .
Со примената на повисоки фрекфенции ефектот на ултразвукот е поплиток и кинетичката енергија на ултразвучните бранови се разнесува во кожата и подкожата па со ова всушност може да се третира оштетена кожа,хронична рана ,лузни и за козметички цели .
СОНОФОРЕЗА
Имајки предвид механичкиот и топлотен ефект на терапевтски ултразвук , оваа терапија истотака е погодна и за локална администрација на медикаменти . На овој начин администрираниот лек постигнува висока концентрација на молекули на локално ниво (местото на третман/болка) и се избегнува штетното влијание врз целиот организам на одреддени аналгетици .Ова е посебно значајно во третманот на хронично болни состојби на локомоторниот апарат . Оваа техника на терапевтски ултразвук се вика сонофореза .
СУБАКВАЛЕН УЛТРАЗВУК
Истотака ултразвукот може да се применува и субаквално за третман кој пак има своја корисна специфика поради лонгитудиналната компонента на ултразвучните бранови односно дејството може да се концетрира на една регија а тоа има позитивен ефект на фиброзните ткива ,омекнувањето на длабоките ткивни лузни и за стимулација на ресорпцијата на калцификатите .
Ултразвучната терапија не смее да се применува при следните состојби :
- болести на окото,
- остеопороза
- не се применува на врат и рамена регија при срцеви заволувања и имплантиран пејсмејкер ,
- малигни состојби ,
- Не се применува на тестиси,
- Не се применува во зона на остеосинтетски материјал
- И не се применува кај деца
2 коментари
Мелита Галиќ
Добар ден
Каде во Скопје се применува субаквален ултразвук, кој ми е препорачан. Во моментов на 15 дека одам на schok wave третмани за разбиванје на калцификати на двете пети и многу ми е отежнато движењето и имам болки во двете пети. Би била бескрајно благодарна ако ја имам оваа информација и отпочнам со третмани. моб. број 071 34 77 77
Blaze Arsov
Почитувани , ќе ве контактираме наскоро