Напредно
Пребарување
Терапевтски модалитети при менаџирање на спротски повреди

Терапевтски модалитети при менаџирање на спротски повреди

Со текот на годините се применуваат се поголем број на електротерапевтски методи при менаџирањето на спортските повреди, а најчести се:

Ултразвук: Ултразвукот се применува со цел локално да се зголеми протокот на крв и да се намали болката преку тремички ефект. Пулсирачкиот ултразвук со низок интензитет е покажан како успешен при третирањето на фрактури во акутна состојба. Ова се однесува на третман од 20 минути днево за разлика од традиционалната примена на ултразвукот од 5 минути на ден. Третманите покажуваат побрзо исцелување и што поскоро враќање во спортот. Овој метод се почесто се користи во рехабилитацијата.

 

ТЕНС: Транскутаната електронервна стимулација (ТЕНС) обезбедува ослободување од болката преку директни стимулации примени преку кожата. Високата фреквенција на ТЕНС-от може да овозможи брзо ослободување од болката но со текот на времето пациентите може да станат толерантни. По обезболувањето на пациентот му се овозможува повторно движење во зглобот и олеснување на рехабилитацијата. Ниските фреквенции на ТЕНС-от делуваат како акупунктура, односно како аналгетик и повеќе се корисни за намалување на грчевите во мускулатурата.

Интерферентни струи: Претставуваат електротерапија во која две неизменични струи истовремено делуваат врз кожата со што мускулите се стимулираат на сличен начин како нормалната мускулна контракција. Имаат аналгетско дејство врз болката и го намалуваат отокот, ги стимулираат мускулите и ја зголемуваат клеточната активност. Ова претставува единствен вид на електротерапија кој може да се употреби и во присуство на остеосинтетски материјал.

Нервномускулна стимулација (НМС): Се користи за одржување на сликата и флексибилноста на мускулатурата како и за да се намали атрофијата за време на процесот на лекување. Оваа метода е слична на ТЕНС методатано сепак постои опција за вклучување/исклучување, со што се овозможува мускулите да се релаксираат после секоја контракција. Со самото поттикнување на мускулната контракција ќе се овозможи намалување на атрофијата и побрза рехабилитација.

  • Сподели: