Напредно
Пребарување

Спуштеното стапало не претставува заболување, туку најчесто се среќава како невролошки симптом, анатомски или пак при мускулни проблеми.  Едноставно претставува неможност да се подигне стапалото нагоре поради слабост на дорзалните флексори.

Падот на стапалото може да се должи на пореметувања/нарушувања на која било централна или периферна локација по должина на моторниот нервен пат кој што завршува на дорсифлексорните мускули на стапалото или пак сериски на повеќе локации.

Спуштеното стапало како состојба може да се појави на едното или двете стапала, може да е привремено или трајно во зависност од причината. Спуштеното стапало предизвикува потешкотии во одењет и значително го зголемува ризикот од пад.

Спонтано појавување на едно од стапалата најчесто има периферна природа.

 

Можни причини за спуштено стапало:

  • Повреда на нерв – Лезијата може да е на коренот на нервот – L5, сцијатичниот нерв, заедничкиот перонеален нерв, длабокиот перонеален нерв или површинскиот перонеален нерв. Степенот на сензорниот или моторниот дефицит зависи од локацијата (или нивото), сериозноста и времетраењето на повредата или компресијата.
  • Најчестата причина за спонтано паѓање на стапалото е перонеална невропатија, како резултат на компресија на вратот на фибулата на ниво на коленото, каде што заедничкиот перонеален нерв е покриен само со кожа и поткожно ткиво. Овој нерв ги контролира мускулите вклучени во кревање на стапалото. Повредата на нервниот корен “притиснат нерв” во ‘рбетот, исто така може да предизвика пад на стапалото. Луѓето кои имаат дијабет се поподложни на нервни нарушувања, кои што се поврзани со паѓање на стапалото.
  • Мускулни или нервни нарушувања – различни форми на мускулна дистрофија, наследни заболувања кои предизвикуваат прогресивна мускулна слабост исто така може да придонесат до опаѓање на стапалото.
  • Нарушувања на мозокот и рбетниот мозок – нарушувања кои влијаат на ‘рбетниот мозок или големиот мозок како што се АЛС, Мултипла склероза или пак ЦВИ.

 

 

Ризик фактори

  • Активности кои вршат компресија на перонеалниот нерв;
  • Прекрстување на нозете. Луѓето често ги прекрстуваат нозете и на тој начин може да направат компресија на нервот;
  • Носење на гипс на нозете. Линиите на гипсот кои проаѓаат преку глуждот па завршуваат веднаш под коленото може да има компресија на нервот;
  • Директна траума на зглобот на коленото, фрактури на фибула, аддукциона траума со дислокација на коленото;
  • Неправилно носење компресивни чорапи;
  • Дискус хернии во областа на L4/L5 и компресија на истите.

 

Симптоми

  • Големи отежнати чекори;
  • Намалено чувство во ногата (трнење и намалена болка);
  • Висење на стапалото (карактеристичен петлов од).

 

Физиотерапевтски третман

Постојат случаи каде што опоравувањето на оваа состојба е само од себе, но во повеќето случаи пациентите имаат потреба од физиотерапевтски третман.

Физиотерапијата при оваа состојба вклучува:

  • Електротерапија;
  • Функционална магнетна стимулација;
  • Кинезиотејпинг;
  • Флосинг третмани;
  • Кинезитераписки вежби;
  • Употреба на перонеален апарат;
  • Вежби за зајакнување на мускулатурата на долните екстремитети;
  • Вежби за правилно одење и позиционирање.

1 Коментар

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.