Синдром на ротаторна манжетна – вежби и физиотерапевтски третман
Синдромот на ротаторна манжетна претставува една од најчестите причини за болка во рамото. Ротаторната манжетна е составена од четири мускули – m. supraspinatus, m. infraspinatus, m. teres minor и m. subscapularis – кои обезбедуваат стабилност и контрола на движењата во глено-хумералниот зглоб.
Проблемот најчесто се јавува поради:
- хронично преоптоварување (overhead активности),
- спортски активности (тенис, пливање, фитнес),
- работа со раце над глава,
- дегенеративни промени,
- импинџмент синдром.
Симптоми
- Болка во латералниот дел на рамото
- Болка при подигнување на раката над 60–120°
- Ноќна болка (особено при лежање на болната страна)
- Намалена сила и издржливост
- Болка при облекување или фаќање предмети
Физиотерапевтски третман
Конзервативниот третман е примарен избор во најголем број случаи и вклучува:
1. Контрола на болка
- Криотерапија
- Електротерапија (TENS,FMS)
- Терапевтски ултразвук
- Ласер терапија
2. Мобилизација
- ERGON IASTM
- Flossing техника
- Нежни пасивни и асистирани движења
- Мобилизација на глено-хумерален зглоб
- Стретчинг на posterior capsule
3. Програма на вежби (структурирана по фази)
ФАЗА 1 – Намалување на болка и враќање на мобилност
- Pendulum (Codman) вежби
Мали кружни движења со релаксирано рамо. - Асистирана флексија со стап
Подигање на раката со помош на здрава рака. - Cross-body stretch
Истегнување на задната капсула.
ФАЗА 2 – Изометриско зајакнување
- Isometric external rotation
Лакт до телото, притисок кон ѕид без движење. - Isometric internal rotation
Контролиран притисок во спротивна насока. - Scapular retraction
Активирање на стабилизаторите на лопатката.
ФАЗА 3 – Отпор со еластична лента
- External rotation with band
Контролирано ротирање нанадвор. - Internal rotation with band
- Scaption (30° од рамнина на скапулата)
Подигање со мала тежина (0.5–2 кг).
ФАЗА 4 – Напредна стабилизација
- Wall slides
Контролирано лизгање на рацете по ѕид. - Serratus punches
Активирање на m. serratus anterior.
Колку трае рехабилитацијата?
Во зависност од степенот на оштетување:
- Лесна тендинопатија: 4–6 недели
- Хроничен импинџмент: 6–12 недели
- По делумна лезија: индивидуален пристап
Континуитетот и правилната прогресија се клучни за успех.
Кога е потребна дополнителна дијагностика?
- Перзистентна болка > 3 месеци
- Изразена слабост
- Сомнеж за руптура
Во тие случаи се препорачува ехографија или МРИ.
Заклучок
Раната физиотерапевтска интервенција значително го намалува ризикот од хронизација и оперативен третман. Индивидуално адаптирана програма на вежби, комбинирана со модалитети на физикална терапија, претставува златен стандард во третманот на синдромот на ротаторна манжетна.