Напредно
Пребарување

ПУЛСНА ОКСИМЕТРИЈА

Пулсната оксометрија е неинвазивен метод на индиректно мерење на сатурација на кослород во артериската крв. Сатурацијата на хемоглобин со кислород се смета за витален параметар заедно со крвниот притисок, срцевата фреквенција, температурата и бројот на респирациите.

Анализите на респираторните гасови во артериската крв се сметаат за златен стандард, меѓутоа има ситуации кога не се погодни заради потребното време да се добијат резултатите и дискомфор на пациентот. Многу е битно да се следи сатурацијата кога пациентот е нестабилен или подложен на рапидна десатурација на хемоглобин.

Принцип на работа на пулсоксиметар

Принципот на работа на пулсоксиметарот се темели на Ламберт – Беров закон. Пулсоксиметар користи диоди кои емитираат светлина низ ткивата со две различни бранови должини: 660 nm – црвена и 940 nm – инфрацрвена. Индиректното мерење на сатурацијата се извршува со транскутаниот метод со анализирањето на пропуштената светлина преку еден рецептор кој што се аплицира на дисталната фаланга на прстот од раката. Време на реагирањето на овој апарат е околу 10 секунди. Оксихемоглобинот апсорбира една бранова должина на светлината, а дезоксихемоглобинот апсорбира друга. Количество на апсорбираната светлина зависи од пулсациите на артериската крв во ткивата и од ниво на сатурацијата на хемоглобин во еритроцитите. Се пресметува односот инфрацрвено/црвено и директно е пропорционален на сатурацијата на хемоглобин со кислород.

Практична примена на пулсоксиметријата

  • Пулсоксиметрија се користи за континуирано следење на болните во единици за интензивно лекување, за контрола на болните во домашни услови или во тек на физички вежби. Се користи и како ориентирна метода за избор на пациенти кај кои треба да се прават комплетни гасни анализи (индицирани се кога индиректно измерена сатурација изнесува помалку од 92%).
  • Амбулантно следење на болните – малите оксиметри со 24 часовна меморија даваат едноставен мониторинг на болните во тек на дневни активности или вежби.
  • Sleep studies – пулсната оксиметрија е прв избор на дијагностицирањето на sleep apnea. Следење на болните со ХОББ, невромускуларните заболувања, кифосколиозни и други состојби кои го попречуваат дишењето во тек на спиење укажуваат на степенот на ноќна хипоксамија. Значителна е и за следење на пациентите кои се на долготрајна оксигенотерапија во домашни услови.
  • Апарати од новата генерација се специјално конструирани за примена кога пациенти се во движење (битно кај деца и вознемирени болни). Употреба на оксиметри во тек на вежбањето е едноставна и сигурна – современите апарати покрај SaO2 покажуваат и срцева фреквенца.
  • Пулсоксиметријата е стандарден метод за следење на оксигенација во тек на седација, анестезија и во единици за интензивно лекување (каде посои голем ризик од хиповентилација и хипоксија).

Ограничувања на пулсоксиметријата

На неточно очитување на резултатите влијаат:

  • Лошо поставен апарат (да се провери положба на сензорот)
  • Пожелно е пациентот да има пулс со правилен ритам и добра перфузија на местото на кое се мери – поради ниска фреквенција, вазоконстрикција или хипотермија пулсоксиметрите можат да дадат неточни резултати
  • Постоење на различни супстанци (метил-плаво, индигокармин, индоцијанин зелено) ја попречуваат апсорпцијата на светлината. Кај лица со темни пигменти почесто се очитуваат пониски вредности на SaO2.
  • Осветлувањето на просториите – флуоресцентни и ксенонски хируршки светла како и сончева светлина даваат лажно пониски вредности на SaO2.
  • Хипербилирубинемија – поедини студии покажуваат неточни мерења на SaO2 кај иктеричните болни.
  • Анемии – пулсоксиметарот не може да разликува различни форми на сатурираниот хемоглобин. На очитување на поголеми вредности на сатурацијата влијае карбоксихемоглобинот.
  • Работата на оксигенометарот ја попречува присуство на мобилни телефони, компјутери и магнетна резонанца.

Заклучок

Преднотите на пулсната оксиметрија: метод е неинвазен, можно е да се изведува во сите клинички ситуации, едноставен е за примена, не е скап и резултати се веднаш достапни.

Основен недостаток на пулсната оксиметрија е што парцијалниот притисок на кислород во артериската крв мора значително да се намали пред да дојде до промена во сатурацијата.

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.