Напредно
Пребарување

Перонеалниот тендонитис е состојба која може да биде акутна или да стане хронична (перонеална тендинопатија) каде што постои иритација на едната или двете перонеални тетиви со последователна дегенерација и воспаление.

Етиологија:

Перонеалниот тендинитис е честа појава при спортување (особено при маратонско трчање), танцување, професионално лизгање на мраз и сл. Исто така може да се појави и при нагли движења и честа промена на насоката на движење (при скокање). Лезијата може да биде со делумно кинење или пак целосна руптура на тетивата, теносиновит па дури и фрактура на os peroneum.

Хроничната латерална нестабилност во глуждот и прекумерната субталарна и варус ротација може да предизвикаат оштетување на перонеалните тетиви и нивните структури.

Фактори кои што придонесуваат до појава на оваа состојба се напната мускулатура на потколеницата, несоодветен тренинг, лоша биомеханика на стапалото, несоодветни обувки и мускулна слабост (m. peroneus longus). Исто така други фактори кои што доведуваат до оваа состојба може да бидат и директна траума на зглобот, дисторзија на зглобот на стапалото, фрактури во зглобот на стапалото и калканеусот и хипертрофија на перонеалниот туберкулум.

Тендонитисот генерално се појавува кога пациентот се вклучува во активности после одреден период на одмарање, без соодветни обувки. Конкретно кај спортистите видот на обувки како и режимот на вежбање имаат големо значење. Се појавува и при извршување на работните обврски особено при подолго стоење и движење, промена на интензитетот и тежината на работните задачи и сл.

 

Како се манифестира?

Пациентите кои имаат перонеален тендинитис се жалат на повремена болка, оток и топлина во зглобот на стапалото и по должина на перонеалните тетиви.

Тендинитисот на peroneus brevis најчесто симптоматски се појавува на латералниот малеолус дистално до петтата метатарзална коска.

Тендинитисот на peroneus longus  се караткеризира со чувствителност латералнo и дистално над калканеусот.

Пациентите најчесто најчесто симптомите ги воочуваат при подигање на топка со стапалото, трчање (особено странично), одење по нерамни површини или болка после одреден одмор, особено при будење наутро.

Болката има тенденција да се зголемува постепено и може да трае и со месеци со отежнато извршување на секојдневните активности.

Акутниот тендинитис се манифестира со болка по должина на надворешната страна на стапалото.

Оваа состојба најдобро може да се докаже со дијагностички ултразвук или пак со МР снимање.

 

Физиотерапевтски третман

Физиотерапевтскиот третман при оваа состојба опфаќа:

  • Мобилизација и манипулација на зглобот;
  • Истегнување на зглобот;
  • Криотерапија (мраз);
  • Проприоцептивни вежби и вежби за баланс;
  • Кинезиотејпинг;
  • Терапевтски ултразвук;
  • Функционална магнетна стимулација (ФМС);
  • Ergon IASTM третман (мобилизација на меките ткива со помош на инструменти);

Доколку симптомите се потешки, во повеќето случаеви се препорачува “чизма” за ограничување на движењата во зглобот. Откатко ќе се намалат симптомите се започнува со физиотерапија.

 

 

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.