Напредно
Пребарување

Би се согласиле дека потребата од ефикасно управување со болката без лекови станува сè поголема. И навистина, без разлика дали сте спортист кој закрепнува од интензивен тренинг, се справувате со хронична болка или едноставно барате ефикасно решение за справување со секојдневните болки, електро-терапијата со сигурност го промени начинот на управување со болката.

Во овој блог, наша цел е да ја приближиме основната идеја на електро-терапијата, нејзините придобивки, но и да одговориме на најчесто поставуваните прашања поврзани со стимулаторот TENS+MASAGE од брендот Roovjoy, кој целосно ја промени физикална терапија и рехабилитација.

 

Што е електро-терапија?

Електро-терапијата вклучува употреба на електрични импулси за лекување на заболените области, смирување на воспалителните процеси, но и промовирање на поефикасен начин на заздравување, отстранување на отоците и подобрување на мускулната функција. Оттука, стимулирајќи го крвотокот во регијата низ која поминува, електро-терапијата овозможува подобро снабдување со кислород и брзо отстранување на токсините, подобрувајќи ја трофиката и метаболизмот на ткивата, делувајќи стимулативно на оштетените нерви.

Најчеста форма на електро-терапија за ублажување на болката е транскутана електрична нервна стимулација (TENS), која е и основата зад револуционерната моќ на TENS+MASSAGE стимулаторот.

Што претставува и како функционира TENS+MASSAGE стимулаторот на RoovJoy?

 

TENS+MASSAGE е 2 во 1 уред за електро-терапија, кој овозможува електронска пулсна терапија со ниска фреквенција. Современиот дизајн комбинира TENS (транскутана електрична нервна стимулација) и терапија со масажа и истовремено овозможува ублажување на болката, но и обновување на мускулите и релаксација. На овој начин, преку прилагодливи нивоа на интензитет и различни режими на масажа, уредот целосно го револуционизира начинот на управување со целокупната физичката благосостојба. Покрај тоа што уредот може да се користи и без обучено медицинско лице, предноста за потрошувачите се огледа и во тоа што истиот е достапен по економична и конкурентна цена.

 

Кои се главните придобивките од TENS+MASSAGE стимулаторот на RoovJoy?

 

  1. Ефикасно ослободување од болка

Користејќи ја најновата технологија за електронски импулси со ниска фреквенција, стимулаторот испраќа терапевтски импулси до погодената област, стимулирајќи ги нервите и промовирајќи природно ослободување од болката.

  1. Обновување на мускулите

Имајќи ја предвид насочената мускулна стимулација, овој уред активира повеќе мускулни групи истовремено, подобрувајќи ја циркулација на крвта и намалувајќи го воспалението.

  1. Релаксација

Со прилагодливи режими на масажа и нивоа на интензитет, уредот содржи интегрирана терапија за масажа, која користи напредни техники за ослободување на напнатоста, намалување на стресот и релаксација.

 

Едно е сигурно! Електро-терапијата го револуционизира начинот на кој управуваме со болката, нудејќи безбедна и ефикасна алтернатива на традиционалните методи за ослободување од болка.

Доколку сте во потрага по сигурно и неинвазивно решение за справување со болката, TENS+MASSAGE може да биде токму она кое што ви е потребно.

Превземено од : filafarm.com.mk

Линк за нарачка : PhysioShop

 

 

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.