По повод јуни – месецот на сколиозата, имав чест да гостувам во утринската програма „Македонија наутро“ на Македонската телевизија, каде разговаравме за важноста на раното откривање, следење и третман на сколиозата кај децата и адолесцентите.
Во емисијата ги истакнавме значењето на редовните скрининзи, улогата на физиотерапевтите во проценката и третманот, како и важноста на навремената интервенција за спречување на прогресијата на деформитетот.
Подигнувањето на јавната свест за сколиозата е клучно за навремена дијагноза и подобар квалитет на живот кај децата и младите.
На следниот линк можете да го погледнете моето гостување .
