Напредно
Пребарување

Криотерапијата е наједноставниот и најстариот начин за лекување на повредите. Криотерапијата го намалува едемот, брзината на нервната спроводливост, клеточниот метаболизам и локалниот проток на крв. Ефектот на криотерапијата зависи од методот, времетраењето, температурата на мразот и длабочината на поткожното масно ткиво. Криотерапија ги стеснува крвните садови (вазодилатација) , ја намалува метаболичката активност, што доведува до намалување на отоците.

Криотерапија се применува во вид на следните процедури: локално пакување со пластична ќеса наполнета со ситни парчиња на мраз, пакувања кои претходно се изладени или ниска температура е постигната со некои хемиски процеси во самото пакување. Кесата се става на саканата регија. Друг начин на примена е масажа со коцка од мраз 3-5 минути на болното место, се до појава на субјективното чувство на жарење. Исто така се применуваат сонди, кај кои разладување се врши со помош на медиум, разладен во специјален уред. Разладениот медиум со помош на систем од еластични цевки се донесува до сондата – апликатор, со која се врши благо масирање на болното место.

 

Индикации за примена на крио терапија се:

  • Акутни повреди на меките ткива на пр. истегнување на глуждот, истегнување на мускулите, истегнување на лигаментите
  • Тендинитис
  • Акутен оток
  • Бурзитис
  • По ортопедска операција на пр. Реконструкција на предниот вкрстен лигамент (ACL), артроскопска операција на рамо
  • Акутни спортски повреди

Контраиндикации за примена на крио терапија се: сите општи контраиндикации за примена на физички агенси, заболување на периферните крвни садови, зголемена чувствителност на студ, претходни смрзнатини на местото на апликација, нарушена чувствителност.

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.