Напредно
Пребарување

Дијадинамски струи се еднонасочни нискофреквентни имплусни струи со полисинусоидален облик. Тие се со фрекфенција од 50-100Hz и траење на импулсот од 10ms.Овие модулации се комбинираат со галванска струја која е со низок интензитет и со кратко времетраење.Дијадинамските струи предизвикуваат пецкање, трнење и вибрации.Дијадинамските струи се применуваат со помош на плочети и шолјести електроди а кожата на која се аплицираат електродите мора да биде здрава и неоштетена,а електродите треба да бидат добро фиксирани со гумени перфорирани ленти или вреќички со песок.
Дијадинамските струи содржат две компоненти:
-Галванска(база)
-Имплусна (доза)
При апликација на Дијадинамските струи прво се вклучува базата која е со интензитет од 1 до 3mA,a потоа ја одредуваме дозата кога ќе се јави чувство на појава на боцкање и вибрации. Секоја модулација треба да трае со одредено време при што како вовед во процедурата го применуваме двофазниот фиксиран облик(DF) со времетраење од 1мин; потоа имаме модулација на кратки периоди(CP) со времетраење од 2 до 4 мин; а модулација на долгите периоди (LP) е со исто времетраење од 2- до 4 мин.
Кога се применуваат Дијадинамските струи:
– При посттрауматски состојби(дисторзии, контузии, луксации.);
-При цервикален и лумбален синдром;
Кога не се применуваат Дијадинамските струи:
-Вграден пејсмејкер;
-Крварење и склоност кон крварење;
-Декомпензирано срце;

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.