Напредно
Пребарување

Дегенеративни промени на р’бетот на вратот

 

Вратниот рбет се состои од седум (7 ) вратни пршлени кои помеѓу себе се поврзани  со интравертебрални дискови,лигаменти и мускули кои го опкружуваат .Она по што се специфични овие пршлени  е тоа што му овозможуваат на вратот голема мобилност.

Дегенеративните промени ги зафаќаат меѓупршленските дискови и малите околни зглобови. Промените настануваат поради амортизација,стареење,намален воден капацитет,стареење на крвните садови и слабеење на врзувачките ткива . Ваква дегенерација може да доведе до дискус хернија и оштетување на рскавицата.Последователно на ова најмногу страдаат малите зглобови бидејки  истите трпат најмногу компресиони сили кои го предизвикуваат почеток на дегенеративните промени .Поради позицијата и морфологијата на цервикалниот рбет , истиот многу често е подложен на дегенеративни промени што предизвикуваат различни болни состојби како на пример :

  • Цервикоцефален синдром ‒ болка во вратот ,тилот и слепоочниците,главоболка слична на мигрена.Освен болка,може да има и ограничени движења во вратот, како и гадење,повраќање, зуење во ушите,нарушување на видот и на голтањето.
  • Цервикален синдром ‒ комплекс од симптоми кои се презентираат во вид на болка и вкочанетост во делот на р’бетот на вратот . Освен болка во оваа регија може да се појават и сензорни нарушувања како што се пецкање,боцкање,трнење и отрпнатост на мускулите во оваа регија .
  • Цервикобрахијален синдром ‒ комбинација од симптоми каде болката се шири од вратот кон рамената сè до врвот на прстите, трпнење, боцкање и ладна периферија т.е намалена периферна циркулација.

 

Дијагностика

Многу често симптомите се исти или слични и се појавуват кај повеќето дегенеративни промени на р’бетот на вратот но за да се добие вистинска дијагноза потребна е соодветна диагностика. Најдобар приказ на коскениот систем и на мекото ткиво дава магнетната резонанса преку која се добива одличен и целокупен приказ на интервертебралните дискови ,ширината на рбетниот канал ,како и состојбата на самите рбетни пршлени и останатата структура . Истотака во процесот на диагностика може да се искористат и рентгенген дијагностика  и компјутерската томографија .

Третман на дегенеративните промени на рбетот

Лекувањето е поделено во неколку фази. Акутна фаза тоа почетокот , веднаш по појавата на болката каде најважно е да се намали интензитетот на болката.Истотака корисно е да се направи едукација на пациентот за да избегнува позиции и движења кои го зголемуваат притисокот на меѓупршленските дискови . Се препорачува мирување во кревет и прилагодување на секојдневните активности како и лекови против болка .

Во хронична фаза доминантно место во третманот има физиотерапијата. Од кога ќе се постигне  контрола на болката следи програма со вежби за вратен р’бет со цел да се постигне зајакнување на мускулите на вратот како и на комплетната мускулатура на трупот.

Освен кинезитерапијата(вежбите) во третманот на дегенеративните промени на вратните пршлени може да се вклучат и следните физиотерапевтски процедури терапија со интерферетни струии,функционална магнетна терапија,кинезиотејпинг и мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (ергон).

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.