Напредно
Пребарување

Апнеја при спиење е име за група на нарушувања на спиењето кои се карактеризираат со повторени прекини на дишењето, т.н. апнеја за време на спиењето.

Прекините на дишењето за време на спиењето може да бидат централни (централна ноќна апнеја, central sleep apnea), кога за време на спиењето „сигналот“ за дишење често е отсутен од централниот нервен систем и опструктивни (опструктивна ноќна апнеја, opstructive sleep apnea),кога дишењето е прекинато за време на спиењето поради слабост на мускулите на фаринксот и јазикот со последователна опструкција на дишните патишта. Исто така, постојат мешани форми на респираторна инсуфициенција, со елементи на CSA и OSA.

Синдромот на опструктивна ноќна апнеја е најчестото нарушување во спектарот на нарушувања на дишењето при спиење и е хронична прогресивна болест со карактеристични повторени прекини на вентилацијата за време на спиењето поради целосен или делумен колапс на фаринксот. Овој прекин на дишењето е проследен со пад на нивото на кислород во крвта и/или будење.

Ако ОСА не се дијагностицира навреме или ако не се примени адекватна терапија, болеста напредува и е придружена со значителни здравствени нарушувања.

ОСА често е присутна кај луѓе со болести на срцето и крвните садови (артериска хипертензија, срцева слабост, атријална фибрилација, исхемична срцева болест). OSA ја влошува хроничната опструктивна белодробна болест и бронхијална астма. Постои јасна врска помеѓу присуството на OSA и отпорноста на инсулин, дијабетес мелитус и метаболички синдром. ОСА често може да се најде кај луѓе кои страдаат од депресија, гастроезофагеален рефлукс и малигни заболувања.

 

Покрај прекумерната поспаност, пациентите доживуваат и нарушувања на психолошките функции и проблеми во извршувањето на секојдневните активности. Се забележува пад на работната способност, а од друга страна се зголемува ризикот од повреда на работа и отсуство од работа. Возачите кои страдаат од ОСА имаат поголема веројатност да учествуваат и да загинат во сообраќајни незгоди.

 

Најновите податоци доаѓаат од истражувањето спроведено во 2019 година и укажуваат дека речиси една милијарда луѓе на возраст од 30-70 години во светот моментално страдаат од некоја форма на опструктивна ноќна апнеја, од кои над 400 милиони луѓе (повеќе од 45%) страдаат од умерена до тешка форма на OSA која бара сериозен третман.

 

Навремената диагностика е значителна во процесот на поставување на диагноза и започнување со третман .Полисомнографијата е неинвазивен диагностички метод кој многу брзо може да ни даде одговор за состојабта на пациентот . Се изведува во болнички услови, во адекватно опремени простории и најчесто се регистрираат и следат следните параметри:

  • Мозочна активност – мозочни бранови (преку електроди поставени на кожата на главата)
  • Срцева активност – ЕКГ (преку електроди поставени на кожата на градниот кош)
  • Активност на очните моторни мускули (преку електроди поставени на кожата над надворешниот агол на десното око и под надворешниот агол на левото око)
  • Активност на мускулите на брадата (преку електроди поставени на кожата на брадата и долната вилица)
  • Активност на нозете – ЕМГ (преку електроди поставени на кожата на долниот дел од ногата)
  • Дишење – проток на воздух (преку сензори поставени на кожата помеѓу носот и устата)
  • Движења на градите и стомакот за време на дишењето (преку еластични појаси поставени околу градите и стомакот над гардеробата)
  • Присуство на ‘рчење при дишење (преку микрофон поставен на кожата на вратот)
  • Ниво на кислород во крвта (преку сензорот поставен на показалецот)
  • Поставувањето на овие електроди е целосно безболно и трае околу 30-45 минути

Пациентите кај кои е диагностициран синдром на ноќна апнеа треба да започнат со соодветен третман кој вклучува употреба на CPAP/APAP уреди за дишење во текот на ноќта и редовна физичка активност со што ќе се норамализриа физичкиот капацитет на организмот .

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.