Опис
Како се користат Aquaflex вагиналните конуси?
Aquaflex се користат за јакнење на мускулите на карличното дно и се поставуваат во вагината слично како тампон.
Начин на употреба:
- Изберете го конусот кој ви е малку потешко да го задржите во вагината.
- Ако е потребно, нанесете мала количина лубрикант на база на вода.
- Вметнете го конусот додека стоите.
- Затегнете ги мускулите на карличното дно за да го задржите конусот на место.
- Носете го до 20 минути дневно, прво во стоечка положба, а потоа постепено и при лесни секојдневни активности (на пример, одење низ домот или извршување домашни обврски).
- Дополнително, можете свесно да ги стегате мускулите: стегнете – задржете – опуштете, и повторете повеќе пати.
- Кога лесно ќе го задржувате конусот, постепено додавајте тежина или преминете на помал конус за понатамошно зајакнување.
Важни препораки
- Не ги носете конусите повеќе од 20 минути дневно, бидејќи тоа може да предизвика замор на мускулите.
- Пред и по секоја употреба, измијте ги конусите со топла вода и благ сапун.
- Прекинете со користење доколку почувствувате болка, непријатност или вагинално крварење и консултирајте се со здравствен работник.
Кога не се препорачува употреба?
Не користете Aquaflex доколку:
- сте бремени;
- имате вагинална инфекција;
- сте во раниот период по породување или операција (освен ако лекар не дозволи);
- имате изразен пролапс на карличните органи.
Најдобри резултати се постигнуваат кога Aquaflex се користи редовно, во комбинација со правилно изведени вежби за мускулите на карличното дно и според препораките на физиотерапевт или лекар.
повеќе информации за производот на слениот линк







Критики
Нема критики сеуште.