Опис
Практичен водич со едноставни и контролирани вежби наменети за лица над 55 години, со фокус на подобрување на подвижноста на вратот и рамениот појас, намалување на мускулната напнатост и одржување на функционалноста во секојдневието.
Вежбите можат да бидат корисни при:
- вкочанетост и намалена подвижност на вратот;
- мускулна напнатост во вратот и рамената;
- лесна до умерена механичка болка во вратот;
- ограничена подвижност на рамениот појас;
- нарушена положба и движење на главата и рамената;
- одржување на подвижноста и превенција на функционални ограничувања.
Водичот содржи 9 едноставни вежби со визуелни инструкции, препорачан број повторувања и времетраење на задржувањето.
Вежбите се изведуваат бавно, контролирано и без нагли движења. Тие се наменети како општа програма за физичка активност и не го заменуваат индивидуалниот преглед и терапевтскиот план од физиотерапевт или лекар.
При појава на остра болка, вртоглавица, трнење, слабост или други невообичаени симптоми, прекинете со вежбањето и консултирајте стручно лице.
Автор: Блаже Арсов, Дипл. физиотерапевт
Спец. физиотерапевт за рехабилитација на трауматологија, хирургија и ортопедија
fizioterapevti.mk – платформа за поврзување на физиотерапевти и пациенти



