Напредно
Пребарување

Kinesiotaping работилница

 

Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со Фила Фарм организираше Kinesiotaping Работилница која  се одржа на 25.10.2025 (сабота) во аудиториумот на Клиниката Жан Митрев.

Голем број на учесници имаа можност да присуствуваат на работилницата која  ја водеше физиотерапевтот Драган Димитријевиќ од Србија, кој воедно е и сертифициран кинезиотејпинг инструктор на Kinesio university .

Присутните се запознаа со  историјата на кинезиотејпингот , механизамот на дејство и неговата  еволуција во дијагностиката , демонстрација на примена кај болни состојби, локални едеми-хематоми. Кинезиодијагностика за долниот дел од грбот и примена кај мускулите на лумбалниот и долниот торакален дел од грбот…

Фила фарм скоро 10 години е официјален дистрибутер на оригиналните кинезио траки со што на сите здравствени работници им овозможува да работат со безбедни материјали со врвен кавлитет. Освен тоа фила фарм се грижи и за едукацијата на здравствените работници со цел подобро запознавање на кинезиотејпинг техниката и совладување на повеќе вештини за примена на траките.

Основачот на кинезиотејпингот покојниот Кензо Касе неколку пати на покана на физиотерапевтот Блаже Арсов ја посети Македонија и  Жан Митрев клиника при што во Април 2019 година ја  спроведе последната кинезиотејпинг работилница во Македонија.

Наскоро во интерес на сите заинтересирани ќе се одржи и кинезиотејпинг курс затоа следете ги нашите профили на социјалните мрежи за повеќе информации .

Настанот беше потпомогнат од компанијата ЕЛМЕД и колегите имаа можност да ги пробаат добро познатите кревети за физиотерапија од брендот Habys кои се достапни во нашата онлајн продавница .

Исто така важна информација е дека единствено место каде што можата да се набават оригналните кинезио траки е fizioterapevti.mk

 

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.