Што е тоа Резонантна електромагнетофореза – GunaPhoresis ?
Резонантната магнетофореза е нова инструментална метода која користи специјален генератор на магнетно поле (ELF) со екстремно ниски фреквенции (<100 Hz) и низок интензитет (<100 Гаус), што ја зголемува пропустливоста на клеточната мембрана. Се користи во медицината при третман на остеоартритис, повреди на мускулите, тетивите и фасциите, болки во ‘рбетот од различно потекло и секако во естетската медицина.
Резонантната магнетофореза е нов инструментален метод со кој транскутанно (интра-дермално) се врши локално воведување на прочистен колаген во длабочина и до 3 сантиметри при што се избегнува инвазивниот начин на администрирање на колаген со игла.
За спроведување на оваа инструментална метода потребен е специфичен уред за резонантна магнетофореза , кој генерира специјално магнетно поле кое освен што делува на пропустливоста на клеточната мембрана истотака соодветно добро ги активира и познатите механизми на традиционалната магнетната терапија (активација на јонските пумпи, зголемување на периферна циркулација , поврзано со ова и локален внес на кислород и др.) но освен тоа дејствува и согласно принципите на резонантната електромагнетотерапија .
Електромагнетните бранови кои се користат за лекување (нејонизирачки и нехипертермиски честоти) треба да бидат модулирани. Тоа значи дека основниот носечки синусоидален бран (50 Hz) се конвертира во периодичен бран (широчинска импулсна модулација), претворајки се на тој начин во бран кој испорачува соодветно кодирани биофотонски сигнали.
Широкоспектралните електромагнетни осцилации на живата материја и кодираната трансмисија на модулирани електромагнетни бранови (со екстремно ниска фреквенција ) се двата столба на кои се темели резонантната магнетотерапија. Биолошките системи генерираат електромагнетна енергија со широк спектар ,имајки предвид фактот дека секој систем е способен да апсорбира ист вид на енергија како онаа што ја емитира, па така биофотонските модулации на производите со соодветна фрекфенција се примаат од телото.
На база на овие научни принципи, уредот GunaPhoresis е способен да ги воведува колагенските производи, применувајќи GUNA MD електромагнетни фрекфенции на одбраниот GUNA MD производ како иновативен “биолошки пристапен код” (BAC). Така одбраниот производ, се “идентификува како свој ” од човековото тело и може лесно да се апсорбира локално.
Зошто оваа метода има висок степен на ефективност ?
- Голема длабочина на пенетрација на специјалниот колаген преку кожата во ткивата и зглобовите (до 3 см);
- Висока стапка на апсорпција на производот;
- Низ ткивата не се спроведува електрична струја, што доведува до отсуство на непријатност и ризик од горење на кожата;
- Не го нарушува интегритетот на кожата;
- Се нанесува директно на погодената област;
- Нема топлински ефект (површен или внатрешен) – може да се примени при остеосинтеза на метали и во ендопротези.
За што може да помогне оваа терапија :
- за болки во зглобовите и мускулите,
- дископатија,
- артритис,
- повреди,
- исчашувања,
- невролошки заболувања
- рехабилитација по мускулно-скелетни повреди,
- отоци итн.
- козметички дефекти
Примената на GUNAPhoresis е претпочитана метода за третман на зглобно-мускулни повреди добиени како резултат на активна спортска активност, како и за третман на спортски повреди кај професионални спортисти, бидејќи тие не влијаат на резултатот од задолжителните допинг тестови.
Колку третмани се потребни:
Оптималниот тек е 10 процедури кои се применуваат секој ден во текот на 10 дена, по што може да се прават процедури за одржување еднаш месечно и/или курс за одржување од 5 или 10 процедури (во зависност од состојбата на кожата) еднаш годишно.
Ефектот на гунафорезата може да се забележи по третата постапка (а во некои случаи дури и од првата постапка), и продолжува со текот на времето. Причината за тоа е стимулацијата на природното производство на колаген во кожата, кое продолжува по завршувањето на текот на процедурите.
Во случај на болка, ефектот на ублажување на болката се јавува повторно во првата до третата процедура. Гунафорезата е брза процедура која може да се изврши дури и за време на паузата за ручек. Целата процедура трае околу 20-30 минути, без негативно да влијае на изгледот на кожата. Не се појавува црвенило или оток, клиентот може директно да излезе на отворено без оглед на надворешната температура или сончевата светлина.
Контраиндикации за ГУНАФОРЕЗА:
- бременост;
- отворени рани;
- присуство на малигни формации.