Напредно
Пребарување
ХИЏАМА

ХИЏАМА

Мократа хиџама е медицинска метода која спаѓа во доменот на мала хирургија, претставува метода со локално испуштање на крв и како таква мора да биде изведена по најсовремени медицински хируршки принципи со запазување на хигиената и стерилизацијата.

Овој медицински метод е актуелизиран последниве години, иако постои од многу одамна. Локалното пуштање на крв се јавувало од постанокот на човекот и тоа во сите култури: древна Кина, Јапонија, Северна и Јужна Америка, Египет, Грција, Рим и тн. Ниедна цивилизација не може да се пофали дека оваа метода потекнува од нив.

Се изведува со засекување на кожата со стерилни инструменти за еднократна употреба, како и вакуум сукција на одредени регии на телото.

Се смета дека крвта која лежи под кожата е полна со токсини и тоа предизвикува болка. Токсините во телото се елиминираат со оваа метода.

Современите медицински студии кои се спроведуваат во светот покажуваат дека постои евидентна разлика во составот на капиларната крв која се зема од прст за анализа на крвната слика, со онаа која се зема со хиџамата.

Лабораториските анализи ја покажуваат таа разлика.

Крвта која се елиминира со хиџамата содржи 80-90% биолошки и хемиски отпад, а само 10-20% крвни елементи.

Биолишките материи кои мораме да ги елиминираме настануваат како резултат на нашиот метаболизам, а поинтензивно се појавуваат како последица на стрес, недоволно движење, лоши навики. Хемиските отпадни материи се токсини кои ги внесуваме во организмот со храна, вода, воздух како и со бројни лекови.

Хиџамата првенствено помага кај здрави организми да ја сочуваат рамнотежата , односно балансот. Тогаш таа се применува превентивно.

Во случај да дошло до здравствен проблем, хиџама терапијата се применува со цел да се воспостави повторно рамнотежа и баланс. А тоа допринесува лечење на болеста или намалување на болките.

Многу е важно да се напомене дека до сега не се забележани несакани ефекти ниту пак нус појави од хиџамата.

Хиџамата претставува локално испуштање на крв со терапевтска цел.

Елиминацијата и извлекувањето на крвната содржина се врши со вакуум. Некогаш оваа метода се изведувала со помош на животински рогови. Таа древна метода постои и во денешен ден и е позната под името “Метода со рогови”.

Како што напоменав, пуштањето крв е метода која спаѓа во доменот на мала хирургија и правењето на засеци на кожата мора да се изведува со стоги примени на принципите како и користење на еднократни стерилни инструменти и материјали.

Светската здравствена организација (СЗО) во 1977 година претстави програма за традиционална кинеска медицина со што ја признава нејзината примена во терапевтски цели.

БЕНЕФИТИТЕ ОД ХИЏАМАТА СЕ:

  • Ги прочистува артериите и вените, го унапредува крвотокот и го зајакнува и прочистува. Околу 70% од болестите се предизвикани како резултат на недоволен доток на здрава крв во органите.
  • Ги прочистува лимфните јазли и канали и на тој начин го чисти организмот од штетни материи кои заостануваат во организмот од лекови, лоша исхрана и стрес.
  • Делува на апсорпција на јони, токсични материи кои се наталожуваат во крвните садови помеѓу кожата и мускулите (артритис), се појавуваат кристали од мокрачната киселина и се насобираат во зглобовите.
  • Се подобрува циркулацијата
  • Се зајакнува имунолошкиот систем, се воспоставува хормонална рамнотежа.
  • Се подобрува работата на мозокот
  • Се подобрува работата на жлездите, посебно хипофизата
  • Отстранува одредени токсични материи кои предизвикуваат болки чија причина е непозната, и ја збунуваат дури и современата медицина.

Хиџамата е третман при кој што се испушта нездравата крв или нејзиниот вишок, кога на организмот му е тоа потребно. Се изведува со помош на една алатка во вид на чашка која се става на одредено место на телото.

Лечењето на одредени болести се врши со помош на тие алатки поставувајќи ги на одредени места на телото кои што се поврзани со таа болест. Постојат шеми за повеќе од 100 болести и состојби. Со тоа се растеретуваат внатрешните органи: срцето, црниот дроб, бубрезата, белите дробови, мозокот итн.

Терапевтот кој ја изведува оваа метода треба да биде медицинско и стручно обучено лице за овој вид третман.

 

  • Сподели:

Остави го твојот коментар.