Напредно
Пребарување

Абдоминалната хирургија претставува процедура која што носи и потреба од хоспитализација. Многу е важно пациентот да започне со активности и движење надвор од креветот што е можно побрзо за да се избегнат можните компликации кои што се поврзани со самото лежење како што се инфекции на дишните патишта, ослабната мускулатура и слично.

Целта на физиотерапевтите е да се помогне на пациентот во овие ситауции на безбеден и ефективен начин.

 

Што претставува абдоминалната хирургија?

Секој вид на хируршка интервенција која што се извршува во пределот на абдоменот спаѓа во абдоминална хирургија. Таа може да биде изведена со мали резови, користејќи телескоп со прикачена камера, тоа е минимално инвазивна метода која  уште се нарекува и како лапараскопска метода. Исто така интервенцијата може да е изведена со голем рез, позната уште како и отворена лапаратомија.

Овие интервенции може да бидат извршени со терапевтска но и со дијагностичка цел.

 

Што се случува со пациентот по абдоминална операција?

Очекувани состојби се следните: болки при одредени движења ( на пример поместување во кревет), потешкотии при длабоко вдишување, потешкотии при искашлување, потешкотии при станување од кревет.

Што може да направиме?

Најважно пред се е пациентот да се чувствува удобно за да може да земе длабоко воздух и да се искашла (да се исчистат дишните патишта од заостанатиот секрет). Најчесто тоа е тешко поради присутната нелагодност од самата интервенција. Бавното длабоко дишење е доста важно, за да се избегне болното чувство.

 

Акутна фаза (1 – 14ти постоперативен ден)

Од големо значење за пациентот е посетата од страна на физиотерапевт уште во првите неколку денови по операцијата.

Најчесто спроведени вежби се следните:

  • Вежби за длабоко дишење;
  • Поддршка на оперативниот рез (особено при кашлање);
  • Општи вежби за раздвижување;
  • Станување и седнување од и во кревет;
  • Движење (амбулација);

Најчесто пациентите имаат потреба од помош за станување надвор од кревет и мобилизација во стол. Ова во најголем број од случаите се применува уште првиот ден по операцијата. Седењето во стол со нозете спуштени на подот и телото исправено е од големо значење за подобрување на механиката на белите дробови и зголемување на дишниот капацитет. Со помош на физиотерапевтот пациентите учат соодветни техники за трансфер од кревет до стол и обратно (на безбеден и речиси безболен начин). Најчесто се препорачува пациентот најмаалку 2 – 3 пати во денот да седи во стол (особено за време на оброците), во траење од 1 час.

Кога пациентот може да започне со движење и лесни активности?

Зависно од видот на операцијата, на поголем број од  пациентите им се препорачува што поскоро придвижување надвор од креветот но со придружба од физиотерапевт (уште првите неколку денови по операцијата).

Кои се бенефитите од раната мобилизација:

  • Превенција од инфекција на дишни патишта;
  • Превенција од инфекции на раната;
  • Се намалува ризикот од длабока венска тромбоза;
  • Се зголемува мускулната сила;
  • Се зголемува самодовербата.

Кога пациентот може да започне со нормални животни активности?

Генерално после 4 – 6 недели од операцијата. Пациентите кои што имаат добиено рана физиотерапија постоперативно, имаат подобро и побрзо опоравување. Но сепак прогресот е варијабилен зависно од глобалната состојба на пациентот и природата на операцијата.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.