Напредно
Пребарување

Вовед

Хроничните респираторни заболувања се група на хронични болести кои влијаат на дишните патишта и другите структури на белите дробови. Вообичаени хронични респираторни заболувања се астма, бронхиектазии, хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ, хроничен ринозинузитис, хиперсензитивна пневмонија, карцином на белите дробови, цистична фиброза, респираторен дистрес синдром кај возрасни.

Физичката активност е дефинирана како секое телесно движење произведено од скелетни мускули што резултира со трошење на енергија. Физичката активност во секојдневниот живот може да се категоризира на професионална, спортска, кондициона, или други вид на активност. Вежбањето е подгрупа на физичка активност што е планирано, структурирано и повторувачко и како крајна или посредничка цел има подобрување или одржување на физичката кондиција.

 

Зошто да се вежба?

Зголемената физичка активност е поврзана со засилено психолошко функционирање и  подобрување на квалитетот на животот, подобрена кардио-респираторна функција и намален морбидитет.

Зголемувањето на физичката активност може да биде од голема корист кај децата со астма со зголемување на толерантноста и капацитетот за спроведување на вежби и како последица на тоа, зголемување на прагот за предизвикување на состојба наречена бронхоконстрикција предизвикана од вежбање.

Ниското ниво на редовна физичка активност доведува до хронично декондиционирање. Затоа, не е изненадувачки тоа што некои истражувања откриваат дека пациентите со астма имаат тенденција за помал кардио – респираторен капацитет за разлика од нивните здрави соработници.

Програмите за спроведување на вежби кај пациенти со астма се дизајнирани да ја зајакнат аеробната сила, невромускулната координација но исто така и самодовербата. Намалените нивоа на физичка активност забележани кај астматичарите исто така можат да ја зголемат и инциденцата на гојазност, која што по себе носи и негативни последици во самодовербата.

Нивоата на физичка активност играат клучна улога во почетокот на мускулната дисфункција и декондиционирањето и се поврзани со квалитетот на живот, појава на коморбидитети, хоспитализации, намалување на белодробната функција и смртноста. Функцијата на скелетните мускули е еден од главните проблеми кај пациентите со ХОББ и поради тоа е препорачано да се спроведуваат соодветни вежби за јакнење на оваа мускулна група, за подобрување на состојбата кај овие пациенти и воедно подобрување на секојдневниот начин на живеење.

 

 

Физичката активност предизвикува намалување на ризикот од смртност кај пациентите со ХОББ

Голем број на истражувања покажуваат дека физичката активност е еден од најсилните фактори за намалување на ризикот од смртност кај пациентите со ХОББ. Авторите на едно истражување тврдат дека физичката објективно мерено физичката активност е  најсилниот фактор за намалување на ризикот од смртност кај овие пациенти.

Но сепак покрај сите позитивни ефекти на физичката активност нема соодветни докази дека истата прави и промени во белите дробови.

 

Бариери и ограничувања за спроведување на физичка активност

Постојат голем број на бариери кои што можат да го ограничат спроведувањето на вежби кај пациентите со хронични респираторни заболувања.

Најчесто децата и адолесцентите кои што боледуваат од астма може да доживеат фрустрација, срам и мала самодоверба поради нивните ограничувања поврзани со болеста. Тие исто така многу често знаат да се повлечат и да не спроведуваат вежби поради страв и заштита од страна на нивните родители.

Одредени студии сугерираат дека физичката активност кај повозрасни пациенти со пневмонија не дава значајни резултати во подобрување на состојбата и нивното постепено закрепнување. Ова најчесто е и поврзано со пад на пациентите, медицински помагала кои ги користат за движење, катетри и канили, но исто така и многу често е поврзано со тоа да пациентите не секогаш се информирани за големото значење на движењето во нивното опоравување.

Стравот од останување без воздух (диспнеа) како резултат на одредени кардиоваскуларни заболувања, периферна васкуларна болест, карцином на белите дробови, дијабет, дислипидемија, хипертензија, остоепороза како и одредени психолошки нарушувања ги спречува голем број на пациенти за спроведуваат физичка активност. Употребата на кортикостероиди, прекумерната употреба на бронходилататори и интеракции со други лекови може дополнително да го искомплицира спроведувањето на активностите од овој карактер и самото спроведување на вежби.

Дополнителни фактори кои што го ограничуваат спроведувањето на вежбите се пулмонална хипертензија, лоша размена на гасови, зголемен респираторен притисок поврзан со деструкција на белодробниот паренхим и зголемен отпор на размена на гасови.

За да се олесни вклучувањето на пациентите во овие активности треба да се разгледаат многу пристапи, како што е справувањето со акутната диспнеа, психосоцијалните проблеми, контрола на паниката кај пациентите и слично. Сепак во предвид треба да се земе и соодветната исхрана.

 

Препораки за вежбање

Индивидуалните програми за вежбање треба да се засноваат на караткеристиките на пациентите, нивната основна белодробна функција, капацитетот за вежбање, нивоата на вообичаена физичка активност, состојбата на инфекција или воспаление, се со цел да се воспостават поволни ефекти од спроведувањето на вежбите.

 

Времетраење на вежбите

Кај пациентите кои што се заболени од напредната ХОББ, интервалот на вежбање се состои од повторувачки епизоди (30 – 60 секунди) на вежбање со висок дури и максимален интензитет одделени со епизоди (30 – 60 секунди) на вежбање со понизок интензитет.

Спроведувањето на вежбите со висок интензитет кај пациентитет со ХОББ е докажано со поголема ефикасност во однос на подобрување на оксидираноста на мускулните влакна, со што се зајакнување и користењето на кислородот за време на вежбањето на мускулите.

 

Аеробни вежби

Умерените аеробни вежби се дефинирани како вежбање кои што забележливо ги забрзува отчукувањата на срцето (на пр. Бавно возење велосипед, брзо одење или пливање), додека интензивните аеробни вежби бараат предизвикуваат забрзано дишење, значително зголемување на бројот на отчукувања на срцето и сл (брзо трчање, кружно движење и сл.).

Голем број на докази укажуваат на важните здравствени придобивки од аеробните вежби, вклучително и намалување на динамичката хиперинфлација и диспнеа, подобрена толеранција на вежбите, зголемен квалитет на живот и намалување на влошувањето на заболувањата.

 

Вежби за јакнење на мускулната сила

Вежбите за зголемување на мускулната сила се изведуваат со интензитет приближно до 60% од маскималниот капацитет.

После соодветно спроведената проценка на пациентот се прави и соодветната програма за вежбање. Специфичните вежби треба да имаат за цел подобрување на мускулната силна на главните мускулни групи на градите, рамениците, горниот и долниот дел од грбот, абдоминалната мускулатура, колковите и нозете.

Препораките се да пациентите ги спроведуваат вежбите 2 – 3 пати неделно.

 

 

Мерки на претпазливост

Вежбите треба да се избегнуваат во периодите на активна инфекција кај пациентите со цистична фиброза.

Кај пациентите со значителна хипоксемија (при одмор или напор), неконтролирана астма, присуства на пулмонална хипертензија треба да се соодветно мониторирани пред спроведување на вежбите.

Кај пациентите со ХОББ, треба да се прави соодветна проценка, градуиран тест за вежбање, како и ЕКГ мониторинг и пулсна оксиметрија.

За да се намалат несаканите последици кај пациентите со астма, болеста треба да е соодветно контролирана пред да се започне со вежбање. Пациентите со слабо или делумно контролирана астма треба да направаат соодветна консултација со пулмолог пред да започнат со спроведување на вежби.

 

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.