Напредно
Пребарување

Физиотерапија после зимски повреди

Снегот е радост за сите генерации и причина плус за да ги напуштиме топлите домови и да излеземе на прошетка, но пред да се препуштиме на зимската идила треба прво да знаеме како да се заштитиме од евентуални повреди. Зимските повреди т.е повредите настанати при користење на снегот за рекреативни или спортски активности можат да бидат доста опасни и болни, и истите можат да ве оддалечат од секојдневните работни активности со месеци. Во зимскиот период најчести се повредите на скочниот зглоб и колената при одење или скијање на снег но доколку паднете на лизгава површина може да настанат и тешки повреди на главата или скршеници на горните екстремитети или ’рбетниот столб.

Најчести видови на зимски повреди се:

Превиткување (dystorsio) е повреда на лигаментите, меките ткива, крвни садови или нерви и истото е резултат на нагло, прејако движење на зглобот. Повредениот чувствуваостра болка, проследена со оток на болното место.

Исчашување (luxatio) е повреда при којашто зглобната глава излегува од зглобната чашка, заради прекин на лигаментите или расцеп на зглобната чашка. Како последица на тоа, зглобот е деформиран и се чувствува силна болка, а екстремитетот е во неприродна (невообичаена) положба, а при движењето на зглобот, се чувствува мал отпор поради контракциите на мускулите.

Скршеница (fractura), претставува оштетување на меките ткива и прекин на континуитетот на коските или ’рскавиците. Големината на оваа повреда зависи од обемот на оштетената коска, крвните садови, губење на крв или трауматски шок.

За сите овие повреди потребно е консултација со медицинско лице т.е посета во болница за соодветно диагностицирањењ и санирање на повредите, навременото санирање на повредите може да превенира дополнителни компликации . Најчесто се овие повреди се третираат конзервативно но истотака во зависност од повредата понекогаш третманот може да биде и оперативен .

Процесот на рехабилитација започнува веднаш по настанувањето на повредата  без разлика дали  повредата ќе се третира конзервативно или оперативно ,физиотерапевтот има важна улога во овој процес.

Важно е да бидат соодветно одбрани физиотерапевтски техники во консултација на ортопед или трауматолог и да се постави патеката на лекувањето . Најчесто овој тип на повреди (дисторзија и луксација) се третираат со бандажирање или компресивна терапија , елевација (позиционирање) , криотерапија , кинезиотејпинг па дури и електротерапија . Изборот на секоја техника е според локацијата и типот на настаната повреда . При дисторзија или луксација кинезиотејпингот има максимално позитивен ефект при стабилизацијата на повредениот зглоб но и во редукција на настанатиот локален едем . Истотака кинезиотејпингот може да помогне и при некои специфични фрактури на локации при кои не е возможно да се постави гипсена или друг тип на имобилизација .

Голем број на истражувања во последните десетина години покажуваат позитивен ефект при употреба на функционалната магнетна стимулација (FMS) во третманот на скршениците (фрактури) дури и преку поставена гипсена или пластична имобилизација со што  се забрзува т.е се намалува времетраењето на носење на истата . Функционалната магнетна стимулација има длабоко продирачко дејство кое успева да пенетрира од 5 до 7 см во длабочина и со тоа да влијае на сите мускулно скелетни ткива и на нивните  интерклеточни  процеси со што го поттикнува процесот на зараснување на коската – формирање на калус .

Голем број на зимски повреди понекогаш се рехабилитираат и подолг временски период ,можеби и  месеци, со што се намалува на квалитетот на живот и се ограничуваат работните способности на пациентот. Но доколку се одбере соодветна и интензивна физиотерапија сепак овој процес може да се забрза и најголемиот број на зимски повреди да бидат комплетно рехабилитирани за пократок период .

Референци:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7434032/

https://www.mdpi.com/1422-0067/22/14/7403/htm

 

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.