Напредно
Пребарување

Мозочниот удар претставува акутно невролошко пореметување предизвикано од нарушување на мозочната циркулација. Симптомите кои се појавуваат корелираат со големината и местото (местата) кои се оштетени во мозокот, но и со изминатото време од моментот на настанување до моментот на проценка.

Повеќе од 50% од пациентите хоспитализирани на одделенијата за неврологија се со мозочен удар. Во поголемите земји во Европа и САД мозочниот удар е втора или трета причина за смртност.

Зависно од начинот на кој што е настанат мозочниот удар може да биде хеморагичен или исхемичен, па од тоа зависи и пристапот за рехабилитација.

Кои се знаците за мозочен удар:

  • Акутна отрпнатост или слабост на лицето, рацете или нозете, особено на едната страна на телото;
  • Збунетост;
  • Тешкотии во говорот или во разбирањето на говорот на другите;
  • Тешкотии во видот на едното или двете очи;
  • Вртоглавица, губење рамнотежа или координација;
  • Силна главоболка.

 

Рехабилитацијата претставува мултидисциплинарен процес кој, користејќи ја невропластичноста на мозокот фацилитира реставрирање на функцијата или адаптација на изгубените физиолошки функции.

Моторната нарушеност на организмот односно одземеноста на некој од екстремитетите (хемиплегија, параплегија, квадриплегија) бара сериозна физиотерапевтска проценка и соодветен план за правилна физиотерапија.

Најважен период во соодветната рехабилитација на пациентите со мозочен удар се првите 6 месеци,  започнува веднаш по настанувањето уште додека е пациентот на одделението за интензивно лекување па продолжува и во домашни услови.

Целиот третман започнува најпрво со соодветно позиционирање на пациентот во постела за да се олесни дишењето.

Физиотерапијата кај овие пациенти опфаќа:

  • Електротерапија :
  • Нервно – мускулна стимулација (NMS)
  • Транскутана – електронервна стимулација (TENS)
  • Функционална магнетна стимулација (FMS)
  • Медицинска мануелна масажа (после спроведената електротерапија) како вовед во кинезитераписките вежби
  • Кинезитераписки вежби:
  • Активни вежби – поттикнување на активните движења во екстремитетите
  • Активно – потпомогнати вежби
  • Пасивни вежби – спроведување на вежби од страна на физиотерапевтот во цел обем на движење.

 

  • Мобилизации:
  • Позиционирање на пациентот во соодветна седечка позиција на раб од кревет;
  • Позиционирање на пациентот во стол
  • Вертикализација и вежби за чекорење.

 

Физиотерапевтските третмани се спроведуваат секој ден минимум 2 пати дневно, Со зголемување на интензитетот и отпорот на вежбите според подобрувањето на состојбата.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.