Напредно
Пребарување

Обезбедувањето физиотерапeвт во одделот за итни случаи (ургентен центар) во болниците е во голем пораст. Физиотерапевтите можат да им помогнат на пациентите да започнат со патот на закрепнување рано уште при самиот почекот од повредата, олеснувајќи ја можноста за подобрување на исходите при одредени видови на повреди. Пациентите кои добиваат физиотерапија во ургентниот центар имаат корист од стручноста на физиотерапевтот при мускулно-скелетни, респираторни и вестибуларни состојби. Оваа примарна консултација за контакт може да помогне во олеснување на товарот од доцнење на третманот како и да се намали должината на болничкиот престој и употребата на ресурси.

Физиотерапевтите кои што се вклучени како дел од тимот во ургентниот центар може да учествуваат во тријажа на:

  • Повреди на меките ткива (истегнувања);
  • Лесни фрактури;
  • Полесен пристап во мобилноста;
  • Стабилизација на респираторните состојби;
  • Вртоглавици;
  • Советување со лекарите за секундарна грижа на пациентите.

Обемот на проценката која што може да ја спроведе физиотерапевтот варира во зависност од локацијата и искуството на терапевтот. Некои одделение може да им овозможат на физиотерапевтите директна тријажа на пациентите (примарен контакт), додека пак други одделение бараат тоа да биде преку секундарен контакт односно прво проценка да направи лекарот, а потоа да се започне со физиотерапевтски третман.

Вообичаени интервенции кои што може да ги спроведуваат физиотерапевтите во ургентен центар:

  • Едукација на пациентите за нивната повреда/заболување како и за текот на опоравување од истата;
  • Едукација за мобилност, трансфер и позиционирање во кревет;
  • Едукација за употреба на помагала за движење (бастум, патерици или одалка);
  • Едукација и совети за вежби во домашни услови;
  • Обезбедување на намалување на болката со криотерапија, бандажирање, кинезиотејпинг и слично, зависно од повредата;
  • Обезбедување на соодветна имобилизација (ортози) при фрактури или повреди на лигаментите.

 

Референци:

  1. https://www.physio-pedia.com/Physical_therapy_role_in_an_emergency_department

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.