Напредно
Пребарување

Терминот „торако – брахијален синдром“ ја опишува компресијата на невро – васкуларните структури додека излегуваат низ торакалниот излез (цервико – торако – брахијалниот регион). Торакалниот излез е обележан со предниот мускул скалениус, средниот мускул скалениус постериорно и првото ребро инфериорно.

Оваа состојба се појавува како една од најспорните теми во мускулно-скелетната медицина и рехабилитација. Оваа контроверзност се однесува на скоро секој аспект на патологијата, вклучувајќи дефиниција, зачестеност, патоанатомски промени, дијагноза и третман.

Терминот „торако – брахијален синдром“ не ја специфицира структурата што се компресира. Истражувањата  идентификуваат две главни категории на торако – брахијалниот синдром: васкуларната форма (артериска или венска), што предизвикува неколку дијагностички проблеми и невролошката форма, што се јавува кај повеќе од 95-99% од сите случаи на торако – брахијален синдром. Затоа, синдромот треба да се разликува со употреба на термините артериски (ATИС), венски (ВТИС) или невроген (НТИС).

 

Клиничка слика

Знаците и симптомите на овој синдром се разликуваат од пациент до пациент поради локацијата на вмешаност на нервите и / или крвните садови. Симптомите се движат од лесна болка и сензорни промени на компликации што се закануваат на екстремитетите во тешки случаи.

Пациентите со овој синдром, најчесо, пројавуваат болка насекаде помеѓу вратот, лицето и окципиталниот регион или во градниот кош, рамото и горниот екстремитет и парестезија во горниот екстремитет. Пациентот исто така може да се пожали на изменета или отсутна сензација, слабост, замор, чувство на тежина во раката и шаката. Кожата исто така може да биде поосетлива и со променета боја. Може да се забележи и различна температура.

Знаците и симптомите се обично полоши кога раката е подигната над главата и надворешно ротирана со главата ротирана на истата или на спротивната страна. Како резултат на тоа, активностите како што се фрлање над глава, сервирање на тениска топка, сликање, возење или пишување може да ги влошат симптомите.

Зависно од тоа дали е потеклото од артериски крвен сад, венски или пак од инервација така се разликуваат и симптомите.

 

Физикалниот преглед опфаќа:

  1. Обсервација:
  • Постура
  • Цијаноза
  • Оток
  • Атрофија
  • Бледило

 

  1. Палпација:
  • Промена на температура
  • Напнатост во мускулите (скалениус и трапезиус)

 

 

Мануелен мускулен тест:

  1. М. Scalene
  2. М. Pectoralis major/minor
  3. М. Levator scapulae
  4. М. Sternocleidomastoid
  5. М. Serratus anterior

 

 

Физиотерапевтски третман

Конзервативниот третман треба да биде првата стратегија за лекување на овој синдром бидејќи се чини дека ова е ефикасно при намалување на симптомите, олеснување на враќање и подобрување на функцијата. Конзервативниот третман вклучува физикална терапија, која главно се фокусира на едукација на пациентите, третман на болката, опсег на движење, техники на лизгање, зајакнување и истегнување.

 

Третманот е поделен на повеќе фази:

Прва фаза

Целта на почетната фаза е да се намалат симптомите кај пациентот. Ова се постигнува со соодветна едукација на пациентите каде  што е добро објаснет синдромот, несоодветни позиции, едукација за соодветни позиции за спиење. Мануелен третман на лопатката, на главата на хумерусот како и мануелен третман и позиционирање на m. serratus anterior.

 

Втора фаза

Кога симптомите кај пациентот се под блага контрола веќе преминуваме во втората фаза на третман. Целта на оваа фаза е директно да се лоцираат ткивата кои вршат структурни ограничувања на движењата и компресија.

Тука веќе се применуваат и следниве техники:

  • Масажа
  • Зајакнување на levator scapulae, sternocleidomastoideus и upper trapezius
  • Истегнување на градните мускули, trapezius иscalene
  • Вежби за корекција на постурата;
  • Релаксација и истегнување на скратените мускули
  • Аеробни вежби за рехабилитација во домот.

Како дополнителни третмани може да се применат:

  • Мобилизација на зглобовите на рамениот појас и карлицата;
  • Мобилизација на гленохумералниот зглоб;
  • Кинезиотејпинг.

 

Мануелниот третман на првото ребро е еден од соодветните пристапи во третманот на овој синдром. Овој третман треба да се спроведува со голема претпазливост и темелна проценка за да не се направат дополнителни иритирања и да се зголемат симптомите на болка кај некои пациенти.

Доколку после сите спроведени третмани сеуште постои болката и нема олеснување на симптомите се преминува кон оперативен третман.

Сепак и после оперативниот третман пациентите треба веднаш да започнат со соодветна физиотерапија за навремено враќање на целиот обем на движење.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.