Сакроилијачни зглоб како причина за болка во долниот дел на рбет
Сакроилијачен зглоб (СИЗ) е место каде се спојуваат карлицата и рбетниот столб. Улогата на СИЗ е да ја пренесува тежината од горна половина на телото на долните екстремитети.просечна површина на овој зглоб е околу 17,5 цм. Зглобот е много крут и слабо подвижан. Нормални движења во СИЗ се минимални (од 2 – 4 мм во сите правци) и ограничени се со силни мускули и лигаменти. Поради тоа тој спаѓа во високоеластични зглобови без прави зглобни површини, туку представува лигаментална врска помеѓу две коски ( подвижноста е овозможена со еластицитет на лигаментите). Основна функција на СИЗ е да амортизује механички стрес кој го трпи рбетниот столб при движењата на телото. Со старењетом кај сакроилијачните зглобови се намалува флексибилност и подвижност. СИ синдром доведува до зголемување на тонус и спазам на лумбалната мускулатура.
Голем број на светски истражувања укажуваат дека е во 10 – 15 % причина за болка во долниот дел на рбетот самиот СИЗ.
Болката во СИЗ може да биде акутна, нагла како последица на истовремена вертикална компресија и аксијална рптација (носење терет и насло свртување) или како последица на пад на бок. Истотака, акутна болка може да биде предизвикана од делување на сила со голема енергија (сообраќајни незгоди, пад од голема висина0 каде доаѓа до кинење на лигаментите и мускулите на зглобот.
Хронична болка се јавува постепено како последица на дегенеративните промени на овој зглоб и е врзана за повозрасна популација.
Болка во СИЗ е застапена и кај бремените жени. Во бременоста, под дејството на хормоните доаѓа до олабавување на лигаментите, што е физиолошка припрема на телото за породување. Зголемување на телесна теѓина и променет од во бременоста дополнително ги оптоварува овие зглобови.
Глвни симптомин на СИ синдром:
- еднострана болка во долниот дел од рбетот на страна на СИ дисфункција
- Болна осетливост на палпација на задна горна илијачна спина
- Болката е најчесто еднострана, ретко се јавува на двете страни
- Болка се зголемува при станување од седната позиција и при подигање на колената во стоечка пиоложба
- Доколко е болка многу силна можно е да се прошири накај колкот и натколеницата, ама никогаш во стопалото
Дијагностика на дисфункцијата се воспоставува врз основ на анамнеза, клиничка слика, радиолошки и лабораториски анализи и клинички преглед.
Физиотерапевтски преглед е насочен кон испитување на подвижноста на СИЗ каде се испитува пасивно ротационо движење и лизгање на сакроилијачен зглоб. Палпаторно се испитуваат болните точки (врв на сакрум, синфиза) како и рефлексни мускулни спазми.
Лекување на синдром на сакроилијашен зглоб може да биде медикаментозно, со физиотерапија, со локална инфилтрација во зглобот, денервација и најпосле хирурчко лекување – фузија или укочување на зглобот.
Физиотерапија
Најдобар тераписки пристап во акутна фаза е комбинација на мануелни техники за миофасцијална релаксација и мобилизација на зглобовите и околното меко ткиво и специфични вежби за карлични зглобови. Со кинезиотејпинг (терапија со специјално дизајнирани лепливи кленти) делуваме на брзо намалување на болка, инхибиција на миофасцијални структури, корекција на определен сегмент и подобрување на циркулација . Во оваа фаза може да се аплицита и ТЕНС терапија.Со овие техники се намалува воспаление и мускулниот тонус и напнатоста .
По смирување на акутните тегоби, применува се кинезитераписки третман со техники и вежби за истегање кои ги праваат мускулите пофлексибилни и еластични. Истотака се спроведуваат и вежби за јакнење и издржливоста на абдоминална и грбна мускулатура ( стабилизатори на трупот). Потоа се прави корекција на постура при изведување на различни движења и едукација за заштитни положби на телото. Најбитното е да се води грижа за мускулна сила на стабилизаторите на трупот и правилно и симетрично држање на телото.