ПЛАНТАРНА ФАСЦИЈА-Болка во стопалото
Плантарен фасцитис претставува воспаление на плантарната фасција кое е болна состојба на стопалото предизвикано од воспаление на припојот на плантарната фасција.
Плантарна фасција е влакнеста апонеуроза која од едната страна се припојува на внатрешната страна со петната коска(calcaneus),а од другата страна со лигаментите на метатарзалните коски и на тетивите на прстите на стопалото.
Функцијата на плантарната фасција е да овозможи статичка поддршка на стопалото во движење.
Средниот дел на фасцијата е најдебел и најак ,трпи највеќе оптоварување и затоа е најчесто место за појава на плантарен фасцит.
Клиничка слика
Клиничката слика се манифестира со болка која во поодминат стадиум може да биде многу голема.Обично се локализира во долната страна на стопалото.
Болката е најака наутро.Со загревање на мускулот таа се намалува но повторно се зголемува во вечерните часови или после интензивен тренинг кај спортисти.
Болка може да се предизвика и со притисок на припојот на фасцијата за петната коска,за време на пасивна дорзифлексија на прстите или при одење на пета или прсти.
Ризик фактори
-Проблеми со стопалото како:(pes planus,pes cavus)
-Смалена флексибилност на мускулот на листот и ахиловата тетива.
-Смалена способност за дорзифлексија на стопалото.
-Стареење и атрофија на мускулите
-Грешки во тренинг кај спортисти(неадекватен тренинг,зголемување на интензитетот на активности).
-Неадекватна подлога и неквалитетни спортски обукви
Лекување
*Неинвазивни методи:
– (криотерапија,IF струи,тенс,ласер,ултразвук)
-Кинезитерапија(вежби за истегнување на мускулите на потколеница и стопалото и вежби за јакнење).
*Пред истегнување задолжително е загревање на мускулите кои се истегнуваат.
*Инвазивни методи на лекување:
-Доколку неинвазивните методи не покажат резултат се применува инфилтрација на кортикостероидни инекции.
-Хируршки зафат
Како да се спречи
Да се направи адекватен план за тренинг,доколку е можно индивидуален.Загревање пред тренинг,но и обавезно истегнување на крајот и примена на лед доколку се појавува болка.
Носење на адекватни обувки,употреба на влошки направени по мерка.
Избегнување на тврда и нееластична подлога.
Прогноза
Плантарениот фасцит добро реагира на лекување,но потребно е трпеливост и време во лекувањето на овој непријатен синдром.