Напредно
Пребарување

N. peroneus е надворешна гранка на ишијадикус кој од поплитеалната јама оди околу главичката на фибулата и се спушта низ надворешната страна на потколеницата и во висина на m. peroneus longus се дели на n. peroneus superficialis и n. peroneus profundus.

Овој нерв има површинска и длабинска гранка. Површинската гранка ги инервира m. peroneus brevis et longus. Длабинската гранка ги инервира m. tibialis anterior, m. extensor dig. longus et bravis, m. extensor hallucis longus.

ЕТИОЛОГИЈА

-Повредата на овој нерв е релативно честа појава (поради својата положба при премин од натколеничната јама околу вратот на фибулата). Најчеста причина за лезија на n. peroneus е спортска повреда или повреда при компресии и оштетувања на n. ischiadicus.

КЛИНИЧКА СЛИКА

Оштетувањето на n. peroneus ја отежнува или ја оневозможува екстензијата на стапалото и прстите, како и абдукација на стапалото – стапалото виси и зазема варус положба. Ногата привидно има поголема должина и поради тоа при одење пациентот ја подигнува високо ногата во колкот и коленото се навалува на прстите на ногата, а не на петицата (петлово одење).

ЛЕКУВАЊЕ

  • Колку порано лекување, толку порано се спречува создавање на т.н. висечко стапало и на контрактури. Во терапија се користи електростимулација по направена електродијагностика. Како вовед во електростимулацијата се користи галванотерапија. Може да се аплицираат интерферентни струи, фототерапија и куси бранови. За подобрување на локалната циркулација и за спречување контрактури се користи и масажа. Во рехабилитацијата кај овие пациенти значајно место зазема кинезитерапија која што има огромно дејство за повратување на нервот. Се работат пасивни вежби, потоа потпомогнати и на крајот активни вежби. Добар ефект даваат и вежбите во вода
  • По потреба се ординираат и ортопедски чевли со перионеална шина или пластичен перонеус апарат.

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.